By in Uncategorized
No comments

Илјадници пати сте слушнале за корисните ефекти на вежбањето и знаете што треба да правите, но да се најде изговор е многу лесно. „Удобно ми е на каучот“, „Ја гледам омилената ТВ програма“, или „Изгледа денес ќе биде гужва на вежбање“.

Познати ни се сите, па како да добиете (и да одржувате) мотивација за да станете и редовно да вежбате?

  1. Планирајте.
    Сметате дека тешко се наоѓа простор за редовно вежбање со брзиот начин на живот. Направете го вежбањето приоритет и ставете го во распоредот на дневните активности. Нека биде задолжително. А полесно е да вежбате кога уживате во вежбањето. На пример, ако ви е тешко да станете од кревет наутро дури и кога најдобро се чувствувате, не обидувајте се да вежбате наутро. Овде или овде ќе најдете можност да одберете ден, време, локација и дисциплина што вас ќе ви одговара најмногу!
  2. Облечете се за вежбање.
    Првиот чекор (честопати и најтешкиот) е да се облечат патики и облека за вежбање. Штом ќе се облечете за вежбање, многу полесно ќе почнете. А уште подобро, почестете се со нешто ново. Ќе се зачудите колку може едни нови патики за трчање, нова облека или нова опрема да ве мотивираат да ги испробате. Плус, изгледате убаво и се чувствувате убаво!
  3. Многу е важно да се внесува разновидност
    Менувајте ја рутината на вежбање, наместо да трчате одете на функционален кардио тренинг или наместо во надворешен базен пливајте во внатрешен. Правете си да ви биде интересно на тој начин што ќе менувате делови од вежбите за да не ви биде досадно. Ист фитнес клуб може за брзо време да стане стерилна средина, па ако често одите во фитнес клуб, одвреме-навреме вметнете нови локации.
  4. Вежбајте со друштво
    Вежбајте со пријатели, смејте се и заедно ќе се мотивирате еден со друг. Пријателите ви даваат поддршка, позитивен фидбек и прават да биде забавно! Како алтернатива, може да одите на групни bootcamp часови или да станете дел од локален тим како на пример нашата фиткафана . Ако обожавате да се натпреварувате, тимските спортови се одлични. А добро е и да вежбате со некој кој е малку подобар од вас за секогаш да се туркате себеси да го стигнете.
  5. Моќта на одвлекување на вниманието.
    Со вежбање додека слушате музика или разговарате со пријателите вниманието ви е одвлечено од вежбите. Така може да вежбате подолго или да завршите со вежбите побрзо отколку што сте мислеле.
  6. Поставете си реалиситчни цели.
    Можеби не планирате да трчате на маратон, но важно е да си поставите цели и да почнете да ги остварувате за да останете мотивирани. Но, бидете реалистични! Не поставувајте си премногу високи цели што не можете да ги постигнете. Запишете ги целите и не заборавајте редовно да ги прегледувате како што се подобрува вашата физичка спремност.
  7. Не заборавајте да се наградите.
    Можеби сте истрчале еден километар повеќе или сте изгубиле неколку килограми, но наградете се кога ќе ги постигнете поставените цели и кога сте задоволни од резултатите. Може да си дадете слободен ден или да си купите фармерки. Гордејте се со себе.

Потсетувајте се секогаш на тоа како се чувствувате по вежбање — ендорфини летаат низ телото, се чувствувате здраво и задоволно со себе. Следниот пат кога ќе сакате да ги прескокнете вежбите, потсетете се на ова чувство и почнете со вежбање!

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.

Tags: , , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *