FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments
Blue-Lotus

Без кал, нема лотус, а одличен пример за тоа е неодамна отвореното студио за јога медитација Blue Lotus.🧘

Освен редовните јога часови (хата, јин, меридиан и кундалини јога), овде можете да бидете дел и од холистични настани и едукативни работилници. 

Тоа што ќе можете да го научите на часовите во Blue Lotus е како практично да се поврзите со емоциите, елементите и природата во себе, да ги слушате и препознаете знаците, потребите и границите на сопственото тело и да го користите здивот како алатка за ослободување и усидрување во сегашниот момент.

Blue-Lotus

Ема Греј Величковска, сертифицирана учителка за Јин и Винјаса јога раскажува како се формираше студиото Blue Lotus.

Нашата приказна започна пред неколку години, кога се запознавме јас (Ема) и Славица во тогашниот јога центар што го менаџирав – “куќа на јогата”. Ја препознавме една во друга љубовта што ја имаме кон јогата, учителството и посветеноста на овој пат, па така лесно се ускладивме и почнавме да соработуваме. Откако световната ситуација не принуди да го затвориме студиото, се префрливме на онлајн часови и иако тоа ни отвори нови димензии и можности, сепак премногу ни недостасуваше интеракција со практикантите и таа групна енергија што се создава кога сме сите во една просторија. Оваа година, ни изгледаше како супер прилика и редно време да започнеме едно ново поглавје и да го создадеме нашиот нов центар за јога, медитација и енергетски практики Blue Lotus. 

Со цел да им обезбедат на практикантите максимална удобност, приватност и висока вредност и секој од нив да го добие вниманието што го заслужува, работат исклучиво во мали групи (до 5 лица) и индивидуално. 

Blue-Lotus

A eве како ја одржуваат мотивацијата кај клиентите:

Редовно комуницираме со нив за тоа како се чувствуваат и што сакаат да постигнат, па програмите ги прилагодуваме за нивните лични потреби и цели. 🎯

Од студиото велат дека во текот на следните неколку месеци, имаат во план да организираат неколку нови настани како циклус медитации, танц работилници за жени и звучни купки.💃

Доколку те заинтересиравме и сакаш на своја кожа да ја почувствуваш хармоничната атмосфера во Blue Lotus, можеш да го посетиш студиото што се наоѓа на улицата „Прашка“ број 28 во Скопската населба Тафталиџе.

Blue-Lotus

A за да бидеш во тек со сите новости на Blue Lotus, еве како можеш да ги најдеш на социјалните мрежи: 

📸 Instagram: @bluelotus.mk

👍Facebook: Blue lotus – Yoga and meditation center

FitKit logo

Blue Lotus е уште еден член на ФитКит фамилијата. ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Закажи си час преку ФитКит апликацијата, достапна на PlayStore и AppStore. Посети го студиото на Blue Lotus и пиши review како си поминал/а. 😊

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published.