Функционалните тренинзи се еден од најдобрите начини за подобрување на способноста за извршување на секојдневните активности. Сила, кондиција, експлозивност, брзина и издржливост се елементите кои совршено ги комбинира овој тренинг.

Станува збор за тренинзи со кои што ќе активираш повеќе групи мускули истовремено, со фокус на зајакнување на најслабите делови на телото – стомакот и долниот дел на грбот.

Функционалните тренинзи се состојат од следниве вежби:

  • скокови и доскокнувања
  • вежби со брза промена на насока
  • мртвото подигање
  • склекови
  • вежби со пренесување товар
  • користење на реквизити како големи тракториски и камионски гуми, масивни синџири, олимписки шипки, јажиња, ланци, руско ѕвонче, итн.

Кои се придобивките од функционален тренинг?

Без разлика дали си спортист или рекреативец, еве неколку причини зошто треба да му дадеш шанса на функционалниот тренинг:

  • Намален ризик од повреди при движење, седење и стоење;
  • Зацрвстување на мускулите и подготвување на органите за секојдневни активности;
  • Намалување на килограмите и обликување на телото;
  • Подобрување на силата, агилноста, интермускулната координација и издржливоста;
  • Зголемена толеранцијата на стрес.

Какви функционални тренинзи добивам со FitKit?

FitKit нуди над 30 комплетно различни програми за вежбање:

  • Функционален тренинг (на отворено и во сала)
  • Eлектро-мускулна стимулација
  • Армиски и атлетски вежби
  • HIIT (високо интензивен интервал тренинг) програма
  • Термо физичка метода

Кaкви програми за функционален тренинг имам со FitKit Plus?

Можноста за функционални тренинзи ти е секогаш на располагање и во комфорот на твојот дом.

Избери некоја од следните FitKit Plus програми:

Избери кардио тренинг по дома или закажи час во теретана со личен тренер

Единствените предуслови за тренинг се желба за вежбање и време што ќе го вложиш во себе. 

Функционалниот тренинг може да биде твојата нова омилена дисциплина. Дај му шанса!