Што е пилатес?

Пилатес е многу повеќе од тренирање и одржување на физичката кондиција. Оваа дисциплина освен што го обликува телото, избиструва ум, дава енергија и внатрешно спокојство. 

Придобивките од пилатес опфаќаат зајакнување на целото тело, негово правилно држење, оформување на вретенести мускули, издолжување на ‘рбетот како и фокус на целосна рамнотежа и сила.

Постојат шест клучни принципи на пилатес: концентрација, контрола, центрирање на телото, дишење, целосен тек и прецизност.

Можеш да избереш над  15 аеробик вежби и вежби за пилатес на FitKit! 

Потребна ти е само подлога за пилатес и желба за вежбање.