Ако редовно ги посетуваш спа центрите, веќе ти е јасно дека си одиш дома со чувство како да лебдеш во воздух, освежен/а и целосно ослободена со стресот. 

Спа третманите се многу повеќе од базен со термална вода. Тие вклучуваат различни видови на масажи и третмани на телото, сауни, инфрацрвени соби, парни и солени бањи, џакузи, итн. 

Посета на спа центарот се препорачува особено во зима кога твојата кожа е посува и дехидрирана. Секојдневните стресови дома и на работа, студеното време, тешката и волнена облека, обоените ткаенини се само дел од непријателите на твојата кожа за кои што посета на спа центарот е одлично решение.

Кои се бенефитите од редовна посета на спа центри?

Придобивките од редовна посета на спа центрите се многубројни:

  • Подобрување на циркулирањето на крвта бидејќи се испраќа повеќе кислород и хранливи материи низ твоето тело и клетки;
  • Ослободување на токсини од телото со стимулација на лимфниот систем;
  • Ослободување на хормонот на среќата – серотонин;
  • Регенерација на клетките и дектоксификација на порите на кожата;
  • Зголемување на влажноста на кожата и нејзино подмладување и зацврстување;
  • Намален ризикот од артритис, ишијас и мускулни грчеви;
  • Подобрување на кардиоваскуларното здравје;
  • Го намалува покачениот крвен притисок;
  • Превенција на дијабетис и губење на килограми;
  • Релаксација на телото и подобар сон.

Кои опции за спа ги имам преку FitKit?

FitKit има соработка со најголем дел од спа центрите во Скопје и низ поголемите градови во земјава. 

Преку апликацијата, ги имаш на располагање следниве третмани:

  • Базен
  • Финска сауна
  • Инфрацрвена сауна
  • Парна бања
  • Релаксирачка масажа
  • Медицинска масажа
  • Спортска масажа
  • Канабо масажа
  • Терапија со вендузи
  • Парцијална масажа
  • Индонезиска масажа
  • Бали масажа
  • Масажа со врели камења
  • Шиацу масажа
  • Шведска масажа
  • Мадеротерапија на тело и лице
  • Антицелулитна масажа
  • Опртопедска проверка
  • Cryosauna
  • Normateg recovery
  • Киропрактика екстензија
  • Фитрол третман
  • Ароматерапија