By in Uncategorized
No comments

Под мотото „Get Hot!” студиото Fame Fit веќе 8 години ги инспирира вежбачите да го обликуваат своето тело од соништата, да ја подобрат флексибилноста, силата и сознанието за своето тело, координацијата на телото, умот и духот.

Fame Fit центрите располагаат со тренинзи по пилатес, јога и кардио на повеќе локации низ Скопје. Рита Конзулова, сопственик и тренер во Fame Fit вели дека по барање на клиентите, наскоро ќе се воведе и нова дисциплина. А поради големата заинтересираност, во план е Fame Fit да се прошири и на уште една локација.

Инаку, Fame Fit е еден од првите фитнес центри во земјава што ја воведе Body Burn Fitness програмата. Станува збор за интезивен тренинг со различни реквизити и динамично повторување, каде што како вежбач сам го одредуваш својот интезитет на вежбање според твоите можности и сила.

Дополнително, ја имаш можноста да добиеш и свој личен тренер.

Дури и за време на студените месеци, Fame Fit центрите се полни со вежбачи. Мотивацијата кај клиентите ја одржуваат со својата иновативност, вели Рита.

Инвентивни сме во однос на тренинзите и реквизитите, достапни сме за било каква консултација во било кое време и можност за посетување на тренинзи во повеќе термини и на повеќе локации. А најредовните и лојални вежбачи ги наградуваме со попуст на месечната членарина.

8 години постоење, верност и задоволни клиенти од самиот почеток, видливи резултати во однос на физичкиот изглед, подобрување на состојби од здравствен аспект, се само дел од успесите на Fame Fit и уште една потврда дека оваа студио успешно ја исполнува својата мисија мотивирајќи ги своите корисници да водат здрав и активен живот.

Доколку те заинтересиравме, еве на кои локации низ Скопје можеш да го посетиш Fame Fit студиото:

  • улица „Владимир Комаров” бб, до хотел “Порта” (Аеродром)
  • улица „Томе Арсовски” бр. 5 спроти влезот на Св. Петка (Црниче)
  • улица „Шарски Одред” бр. 7 спроти трговскиот центар Зебра (Капиштец)

За да бидеш во тек со сите новости на Fame Fit:

Instagram: @famefitpilates

Facebook: Fame fit @famefitpilatesstudio

Fame Fit е дел од ФитКит фамилијата. ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Закажи си тренинг преку ФитКит, посети го Fame Fit студиото и пиши ни како си поминал/а 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *