FitKit Pixel

Избравме листа на филмови што ќе те опуштат и ќе те мотивираат конечно да си го фатиш редот со вежбањето. 🎬

By in Uncategorized
No comments

Ако враќање во фитнес центрите или конечно симнување на килограмите што ги одложуваш веќе цела година се дел од твојата листа на желби за 2022 година, го имаме решението за тебе! 💯

Избравме листа на филмови што ќе те опуштат и ќе те мотивираат конечно да си го фатиш редот со вежбањето. 🎬

1. Legally Blonde

Ел Вудс (Риси Витерспун) ни покажува како спремањето испити за правен факултет не мора да биде досадна работа ако читаш додека возиш статичен велосипед. 🚲

Овој филм ќе те инспирира да го комбинираш вежбањето со било каква активност – гледање Нетфликс и кревање тегови, слушање YouTube видеа и возење точак, брзо пешачење и разговор по телефон.

legally-blonde


2. Grown Ups 2

Ако досега не те интересирала јогата, овој филм ќе ти го смени мислењето. Во овој филм, вежбањето јога е прикажано заедно со комични ситуации што ќе те насмеат до солзи.

Се надеваме дека овој филм ќе те мотивира да ја отвориш ФитКит апликацијата и да си закажеш час по јога. 🧘

3. Bad moms

Не секој што оди на часови по зумба умее да се движи во звукот на музиката и тоа е сосема оќеј.

Во овој филм Мила Кунис посетува часови по зумба и иако не умее да биде во чекор со музиката или правилно да ги следи насоките на инструкторката, сепак таа ужива во искуството. 💃

Ако бараш активност за да се движиш, да се расположиш и да уживаш во ритамот, одејќи си дома со широка насмевка на лицето, зумба е вистинскиот избор за тебе!

4. Bridget Jones Diary

Бриџит Џонс е постојано опседната со слабеење и наоѓање сопруг. Таа е доказ дека наглото слабеење и интензивно вежбање без стратегија нема да донесат резултати на долг рок. 🏋

Овој филм ќе те инспирира да креираш долгорочен фитнес план за 2022 година којшто ќе вклучува вежбање и правилна исхрана, а ФитКит апликацијата може да ти помогне во остварување на твоите фитнес цели.

5. Rocky

Ако порасна со филмовите на Роки Балбоа, сигурно некогаш си размислувал/а да се запишеш на бокс или кик-бокс. Овој филм ќе те охрабри да го сториш тоа. 💪

Боречките вештини се високо-енергетски тренинзи што согоруваат помеѓу 750 и 1000 калории, во зависност од интензитетот.

Ова е и најздрав начин да го ослободиш стресот и сите фрустрации што ти се насобрале во 2021 година.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *