FitKit Pixel

Запознајте го Филип Макрадули од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

By in Uncategorized
No comments
filip-makraduli

Авантуристички дух, амбициозен, професионалец и личност која што постојано наоѓа начини како да го интегрира вежбањето во секојдневниот живот. 💪

Запознајте го Филип Макрадули од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Филип никогаш нема гледано Game of Thrones, но затоа си го исполнува слободното време експериментирајќи со нови дисциплини за вежбање.

Се обидувам да го направам вежбањето дел од моето секојдневие на начин што нема да треба “да ми е денот” за да можам да вежбам. Според мене, за луѓето кои не се занимаваат професионално со вежбање, целта е вежбањето да се интегрира во секојдневниот живот, а не да е нешто што се прави само во пресрет на летото или сезонски.💯

Joe Delany, Greg O’Gallagher, Pietro Boselli се фитнес гуруата коишто најмногу му помогнале со своите фитнес приказни. 

Првиот тренинг што го закажал преку ФитКит апликацијата е претпладневен тренинг во Фитнес СПА Парк. Од тогаш, неколку пати неделно го користи ФитКит најчесто за посета на спа центри и вежбање во теретана.

Како Python тренер во компанијата Keitaro, тренинзите што ги закажува преку ФитКит апликацијата му помагаат да се релаксира по напорниот ден и да се наполни со енергија за новиот ден. 

На колегите што немаат навика за вежбање, им го препорачува следново: ⬇️

Не треба да почнете да вежбате многу екстремно. Не е целта да се вежба интензивно две недели и после година дена да се прави пауза.❌ Треба да се почне со помал интензитет, па постепено кога ќе има редовност и навика, да се зголемува интензитетот. Подобро е два пати неделно вежбање во текот на година дена, отколку секој ден вежбање во времетраење на само две недели.

filip-makraduli

За време на пандемијата, поради затворените фитнес центри, Филип решил да го извлече најдоброто од вежбите со сопствена тежина. 💪

Почнав да практикувам calisthenics (вежби со сопствена тежина) и да барам креативни начини на прогресивно зголемување на товарот при вежбање. Во теретана доволно е само да се земат поголеми тегови, но кога треба сличен ефект да се постигне само со сопствена тежина, работите стануваат посложени.

Филип смета дека онлајн тренинзите одлично ја разбиваат монотонијата на традиционалното вежбање. 🏋️

Онлајн вежбањето е добра идеја која овозможува разбивање на монотонијата на стандардниот начин на вежбање. Овој начин на вежбање додава социјална компонента на вежбањето дома, што понекогаш е значајно и влијае на мотивацијата за вежбање.

За да дознаеш повеќе за Филип:👦

👍 Додај ја го пријател на Фејсбук: Filip Makraduli

📸 Пиши му на Инстаграм: @filip.makraduli

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Filip Makraduli

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published.