FitKit Pixel

Запознајте ја Гордана Гештаковска од Битола, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

By in Uncategorized
No comments

Ја мотивираат сите активни луѓе, кои успеале на некој начин да допрат до пошироката јавност и да бидат запаметени. Љубител е на повеќе видови на спорт (планинарење, трчање, планинско трчање, off-road велосипедизам) и често наоѓа нови личности кои ја инспирираат и мотивираат. 🚵

Запознајте ја Гордана Гештаковска од Ресен, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Гордана Гештаковска

Периодот на пандемијата бил корисен за неа бидејќи ѝ помогнал да креира навики за активен и здрав животен стил. 

Седењето дома, карантините, изолацијата и другите мерки само ми помогнаа да сфатам колку многу сакам да бидам надвор и да поминувам време во природа. Во меѓувреме, пројавив и желба за да вежбам од дома и почнав да наоѓам мотивација преку различни видеа, постирани од инста-блогерките (еве прилика да им се заблагодарам 🙏🏻) и различни YouTube видеа. 

За оние кои мака мачат да најдат време за вежбање, Гордана ги охрабрува да изберат онлајн тренинзи.

Онлајн тренинзите беа апликативни одамна во светот и си имаа своја примена, но со помала свесност кај луѓето за користењето и значењето на истите. Од моја гледна точка, онлајн тренинзите се одлична можност за сите, кои навистина не можат да си дозволат да најдат саат, два плус во денот, за да се чувствуваат подобро. Тренирањето од дома, се покажа како доста корисно за мене, а верувам и за многу други љубители на вежбањето. Едноставно, треба само да почнеш и да си дадеш шанса. Потоа, убедена сум дека нема да сакаш да престанеш, бидејќи чувството после квалитетен тренинг е незаменливо! 💯

Гордана Гештаковска

Денес, после периодот на карантини, Гордана се труди максимално да ги искористи викендите и другите слободни денови за да помине време на планина. ⛰️

Гледано од сегашен аспект, скоро и да не можам да замислам викенд а да не сум на некоја планинарска тура. Желбата ми премина во стил на живот, кој искрено и од срце го практикувам и негувам. Претходната година пројавив желба и за планинско трчање, па успешно завршив и една планинска трка и го истрчав мојот прв полумаратон во Скопје. Покрај овие два спорта, голем љубител сум на возење точак, особено оф-роуд стази и сум учествувала на неколку настани, организирани од мои пријатели и настани за пошироката јавност. Инаку, си имам и еден градски точак, за секојдневни задоволства и дружби. 🚴

Првиот час што го закажала преку ФитКит апликацијата бил функционален тренинг во фитнес студиото Кинетикс. Од тогаш, Гордана ја користи ФитКит неколку пати во неделата.

ФитКит е една навистина корисна алатка, без разлика на тоа за која активност ќе се определиш. Јас ја наоѓам апликацијата како доста флексибилна, во однос на закажување на термини (си имаш листа на достапни термини, си избираш терминче и си закажуваш со само еден клик), лесна, практична и доста user friendly. 🤗

Гордана Гештаковска

Функционалниот тренинг е нејзината омилена активност бидејќи овие вежби ѝ помагаат полесно да ги извршува активностите во секојдневниот живот. 

Функционалниот тренинг ја подобрува способноста на вашето тело да работи ефикасно како една целина, преку тренирањето на повеќе мускулни групи, во исто време. Функционалниот тренинг промовира користење на сопствената телесна тежина за изведување различни движења. Исто како и во реалниот свет, нема машини за поддршка на вашето тело, така што треба да се потпрете на вашата рамнотежа додека го координирате телото низ движењата.

Како Гордана се мотивира да вежба кога едноставно ја мрзи?

Знам дека ќе се чувствувам многу подобро по тренинг. Од друга страна, ако си ја негувам мрзеливоста, другиот ден ќе немам енергија ни од кревет да станам. 🤦Сум приметила дека вежбањето ме прави многу посреќна и ми ја подобрува психичката благосостојба. 

Гордана Гештаковска

Како Clinical Trial Assistant во компанијата Алкалоид АД, таа постојано ги инспирира своите колеги да најдат време да бидат физички активни.

Сите ние сме презафатени и имаме свои приоритети во животот. Но, нема поголем приоритет од здравјето! А здравјето не доаѓа од краткотрајните задоволства, како јадењето нездрава храна или смешна серија на Nеtflix. Tреба да си го слушаме телото, да се обидеме да излеземе надвор од нашата комфорна зона (push your limits) и да се стремиме да бидеме во контакт со природата, од таму од каде што и навистина доаѓаме. Switch your priorities in order to have quality time for yourself!

За да дознаеш повеќе за Гордана:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Gordana Geshtakovska

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @ggestakovska

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Gordana Geshtakovska

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published.