FitKit Pixel

Запознајте ја Ирина Тростјанска, нашиот FitKit Plus тренер што ја креираше програмата Mix Pilates & Total Body Workout. 👋

By in Uncategorized
No comments
Ирина-Тростјанска

Љубовта кон спортот ја има уште од мали нозе. Започнала со гимнастика, си ја пробала среќата со кошарка, ракомет и одбојка. 🏀 Еден период дури пробала и мечување. 

На крај, љубовта ја нашла во вежбање на аеробик и пилатес и ја преточила во приказната наречена Fit mix workout studio by Trostjanska. 

Запознајте ја Ирина Тростјанска, нашиот FitKit Plus тренер што ја креираше програмата Mix Pilates & Total Body Workout. 👋

Станува збор за фит микс вежби за обликување на тело и тенки, елегантни мускули. 💪

Програмата ќе ти понуди повеќе опции, без разлика дали си активен вежбач, или прв пат пробуваш ваков вид на физичка активност. 

Тренинзите се наменети за жени од 20 до 50 години, но може да ги вежба секој.

Мојата програма нуди разновидност на вежби, со зголемен и умерен интензитет. Комбинираме основни и изолирани вежби и постојано правиме промена на редоследот на вежбите.

Ирина-Тростјанска

Ова се придобивките што ќе ги искусиш од Mix Pilates & Total Body Workout:

✅ Подобро држење на телото;

Помалку болки во грбот;

✅ Подобра рамнотежа и координација;

✅ Подобрена сила и флексибилност;

✅ Поголема мобилност на зглобовите.

Овој тип тренинг е многу интересен и ефикасен. Трошите поголем број калории, имамте поголем успех во намалувањето на килограми и обликувате мускулната маса без билдање на мускулите.

За овaa програма ти се потребни следниве реквизити:

  • Стап; 
  • Руско ѕвоно
  • Медицинска топка; 
  • TRX;
  • Пилатес топка;
  • Секаков вид ластици за вежбање;
  • Еднорачни тегови од помала и поголема тежина;
  • Push up реквизити;
  • Степ/масичка и сл.
Ирина-Тростјанска

За да дознаеш повеќе за Ирина: 👩

📸 Следи ја на Инста – @trostjanska_fitmix_i

👍 Пиши ѝ на Фејсбук – Irina Trostjanska

👉 За да почнеш да вежбаш со Ирина, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

Зошто треба да ѝ дадеш шанса на Mix Pilates & Total Body Workout програмата?

Зошто да ме изберете мене? 

☑ Отворена сум за соработка со секоја од вас која сака видливи резултати! 

☑ Ви фали мотивација? Не грижете се! Одличен мотиватор сум! 😊

☑ Малку строга, но секогаш пријателски настроена спрема моите клиентки.

☑ Успешна во сето она што ми било предизвик и цел за исполнување.

☑ Верувам во себе, затоа што знам дека секогаш можам подобро и повеќе, а и вие заедно со мене!!!

Биди здрава, фит, силна и моќна, одбери Fit mix workout studio by Trostjanska! 💪

Ирина-Тростјанска


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *