FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments
FitKit Plus Корективен Фитнес програма на Дијана Оркиќ Шивачев

Љубовта кон спортот ја има во себе уште како малечка. Избира да продолжи со својата пасија и се усовршува во полето на Кинезиологија и Кинезитерапија во Загреб и Сплит. 📚

Денес, таа умешно ги применува научните дисциплини и методи во пракса и е многу успешна во тоа.

Запознајте ја Дијана Оркиќ Шивачев, нашата FitKit Plus инструкторка која што ја води програмата за Корективен фитнес. 👋

Станува збор за програма која е наменета за сите кој имаат лоша постура, мускулен дисбаланс, односно одреден физички деформитет.

Дијана ќе ти покаже едноставни вежби што можеш да ги правиш во комфорот на твојот дом.

Овие вежби ќе ти помогнат да се истегнеш добро и да се осигураш дека штетните последици од долгото седење пред комјутер и скролање на мобилен ќе бидат сведени на минимум.💻

FitKit Plus Корективен Фитнес програма на Дијана Оркиќ Шивачев

Старосна граница за часовите — нема.

Секој кој чувствува потреба е добредојден да ги почувствува благодетите од корективен фитнес. 👌

Овој вид на вежби е значаен по тоа што со помош на движења се ангажираат и останати органски системи како што се кардиоваскуларни, респираторни, ендокрилни и болести на локомоторни апарати. Примена на овие корентивни тренинзи е одлична за зајакнување на имунитетот, а позитивно влијае и на психичкото здравје и доброто расположение.

Еве како изгледа еден час по Корективен фитнес:

✔️ Секој час почнува со загревање на зглобови и сите мускули;

✔️ Главен дел од тренингот кој опфаќа корективни вежби наменети и фокусирани на одредена проблематика;

✔️ Смирување и опуштање на телото со вежби за истегнување на сите мускулни групи кој биле вклучени во тренингот.

FitKit Plus Корективен Фитнес програма на Дијана Оркиќ Шивачев

За да дознаеш повеќе за Дијана: 👩

✅ Следи ја на Инста — @dijana_orkic_shivachev

✅ Пиши ѝ на Фејсбук — Dijana Orkic Shivachev

✅ Конектирај се на LinkedIn — Dijana Orkic Shivachev

👉А за да почнеш да вежбаш со Дијана, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

Еве зошто треба да пробаш Корективен фитнес со Дијана Оркиќ Шивачев:

Со овој вид на тренинзи можеш максимално да го искористиш својот потенцијал. Oваа FitKit Plus програма е лесна за користење и дава достапност до сите заинтересирани кои сакаат да го подобрат своето психофизичко здравје. 🎯


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *