FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments
FitKit Plus Основи за инверзија и Основи за баланс програми на Слободан Стојчевски

Неговиот другар го “натерал” да почне со вежбање иако тој бил скептик за оваа идеја и се срамел од своето тело. 😳

Денес, тој е благодарен што го послушал својот другар затоа што веќе 5 години сведочи за позитивните промени што вежбањето ги има врз неговото тело и сака да им помогне на сите оние што им треба помош и имаат желба да научат.

Запознај го Слободан Стојчевски (Боки), наш FitKit Plus тренер што ги води програмите Основи за инверзија и Основи за баланс.👋

Првата година вежбав типичен бодибилдинг. После тоа видов атлети кои доминираат со своето тело, изведуваат движење на раце кои изгледаа нереални за мене. Од тој момент добив огромна желба и инспирација и сфатив кој е мојот следен чекор. Започнав да вежбам Calisthenics. Како што поминуваа години научив стој на раце и многу други вештини. Започнав да инспирирам и мотивирам други луѓе кои сами доаѓаа кај мене и бараа совети. Откако видов одлични резултати кај луѓето, тоа беше знак за мене дека е време да започнам како тренер. Во рок од овие 5 години, мојата тежина се зголеми до 77 килограми и се чувствувам најдобро во мојот живот. Покрај физичка сила, станав многу поцврст и психички постабилен . 💪

FitKit Plus Основи за инверзија и Основи за баланс програми на Слободан Стојчевски

Своето искуство Боки го пренесува во двете програми — Основи за инверзија и Основи за баланс, наменети за сите вежбачи кои што немаат воопшто сила за да стојат на раце, без разлика на возраста.

Со овие програми ќе изградиш соодветна сила и ќе го спремиш твоето тело за следниот предизвик, а тоа е баланс. Она што ја прави програмата посебна е тоа што ќе ти даде сигурност во себе и ќе го елиминираш стравот од паѓање од таа позиција. Ова е нова вештина која придонесува за огромно задоволство. Стој на раце не е само вежба, тоа е уметност, вештина.

Еве како изгледа еден тренинг со Боки: 👇

✔️ Запознавање и вовед во тренингот;

✔️ Загревање;

✔️ Изведување на вежбите со детални инструкции.

Се што ти е потребно за изведување на овој тренинг е обичен ѕид или друга цврста потпора.

FitKit Plus Основи за инверзија и Основи за баланс програми на Слободан Стојчевски

Сила, подвижност, флексибилност на горниот дел од телото, здрави рамења, подобрување на држењето на телото, подобрување на притисокот и циркулацијата се само дел од придобивките кои што ќе ги искусиш од овие тренинзи. 😍

За да дознаеш повеќе за Боки: 👦

📸 Следи го на Инста — @flipyourself и @boki.road_to_strength

📝 Пиши му на Фејсбук — Slobodan Stojcevski (Boki)

👉За да почнеш да вежбаш со Боки, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

FitKit Plus Основи за инверзија и Основи за баланс програми на Слободан Стојчевски

За крај, еве зошто треба да пробаш Основи за инверзија и Основи за баланс: 👇

Овие програми треба да ги избереш ако имаш голема желба и пасија да научиш стој на раце. Најголема предност е дека можеш да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега нема изговори. 🏆


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *