FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments
ivana-batev-yoga

Практикувањето јога е прекрасна навика за која е потребна решителност, истрајност и дисциплина, но доколку успееш да се спознаеш себе си преку оваа древна дисциплина, таа ќе стане суштински дел од твоето постоење. 

Во ова ќе ти помогне Ивана Батев, наш FitKit Plus тренер која ја води програмата “21 ден до нова Јога навика“. 🧘

Програмата е наменета за секој кој не чувствува дека два пати неделно им е доволно да се поврзат со своето тело и бара начин да си воспостави секојдневна домашна јога пракса. 

Јога носи внатрешен мир, контрола на дишењето и мислите, го подобрува физичкото здравје и целокупната кондиција на телото. Секој резонира со својот тренер или учител од размената на енергија, до автентичноста на праксата. Тоа што го давам на часовите, го практикувам во секој мој ден.

ivana-batev-yoga

Што ти е потребно да вежбаш 21 ден до нова јога навика со Ивана?

✅ Удобна облека;

✅ Простирка;

✅ 20-30 минути одвоени за себе.

На секој од часовите, Ивана ќе ти помогне простирката, килимот и земјата под себе да ти бидат огледало каде ќе се пресретнеш себеси и ќе се соочиш со себе низ динамични движења поврзани со здивот.

Јога учител станав по запишување на обука со намера да си воспоставам своја домашна пракса, да разберам што е точно тоа што го правиме на час. Секоја обука понатаму била со стремеж да научам повеќе, за да можам повеќе да им дадам на моите ученици. Мотивацијата била секогаш да споделам од богатството што јога праксата ми го дала мене лично.

За да дознаеш повеќе за Ивана: 👩

📸 Следи ја на Инста – @ivanaref

👍 Пиши ѝ на Фејсбук – Ivana Batev

👉За да стекнеш навика за јога за само 21 ден, креирај го твојот профил на FitKit Plus

ivana-batev-yoga

Зошто треба да пробаш јога со Ивана? 

Не секогаш имаме мотивација, затоа наоѓаме дисциплина. Во секојдневно поврзување со телото развиваме системи да останеме верни на нашите цели, дури и кога не се чувствуваме дека имаме мотивација. Преземање контрола над своето време и енергија е клучен фактор во наоѓање благосостојба и рамнотежа помеѓу обврските и уживањето во секој изминат ден. Удобноста на интернет пристапот ќе ти даде простор да одржиш дисциплина и посветеност, и секој ден да го раководиш според својата волја.

Namaste! 🙏

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *