By in Uncategorized
No comments

Почнала како инструктор по аеробни тренинзи, но по проблем со коленото докторите ѝ дозволиле да вежба само јога. Немајќи друг избор, се префрлила на јога часови каде што сфатила дека токму јогата е вистинската дисциплина за нејзе.

Запознајте ја Татијана Јанакиева, наш FitKit Plus инструктор која ја води програмата 40 минутна Винјаса. 👋

40 минутна Винјаса е внимателно дизајнирана програма за почетници која го активира целото тело. Секој час е различен, за на вежбачот никогаш да не му стане досадно.

FitKit Plus 40 mins Vinyasa програма на Татијана Јанакиева

Часовите се исполнети со различни асани и може да ја практикуваат сите, без разлика на своето искуство со јога пракса.

Освен на физичките асани, фокусот е насочен и на дишењето и подобрување на фунцијата на нервниот систем. 👌

Секој може да ги работи часовите, освен луѓе со сериозни повреди или сериозни проблеми со грбот. Таргетот на програмата се лица од 18–40 години.

Еве од што се содржи еден 40 минутна Винјаса час: 👇

  • Aсани за загревање на телото;
  • Асани за баланс;
  • Асани за торзија (извртување на ‘рбетот);
  • Асани за релаксација или опуштање;
  • Пранајами (техники за дишење);
  • Кратки медитации на крајот од секој час.

Кои бенефити ти како вежбач ќе можеш да ги искусиш од овој тренинг?

✅ Подобрување на ставот и држењето на телото;

✅ Затегнување на цело тело;

✅ Посмирен ум;

✅ Намалување на тежината.

За да дознаеш повеќе за Татијана како јога инструктор: 👩

✅ Следи ја на Инста — @tatijana.yoga

✅ Пиши ѝ на Фејсбук — Tatijana Janakieva

👉За да почнеш да вежбаш со Татијана, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

FitKit Plus 40 mins Vinyasa програма на Татијана Јанакиева

За крај, еве зошто треба да тренираш 40 минутна Винјаса: 👇

Програмата е скроз забавна, активна, различна и има многубројни бенефити! Оваа програма го активира целото тело и го смирува умот преку фокусот на дишењето. Дојди да движиме и да дишеме заедно.💪


ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *