FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments
FitKit Plus Ashtanga Vinyasa Full Body програма на Радица Балеска

Јогата ѝ помогнала да ја победи болката во вратот и кичмата. За возврат, таа сакала да ја продлабочи праксата и да научи да го предаде она што го знае.

Денес, Радица Балеска е еден од најдобрите јога учители во земјава и наш FitKit Plus тренер. 🏆

Радица го пренесува своето искуство и знаење со програмата Ashtanga Vinyasa Full Body.

Еве за кого се наменети овие јога часови:

Јога е за секого. Од спортисти за регенерација на мускули, флексибилност и сила, па се до луѓе кои што немаат апсолутно никаква физичка активност. Од 9 до 99 години. Целта ми е да ги научам учениците дел од праксата да применат и во секојдневието, кога се вознемирени или имаат само наплив на лоши мисли да го стават фокусот на дишењето и да му дадат до знаење на телото дека се’ е во ред. 🙏

FitKit Plus Ashtanga Vinyasa Full Body програма на Радица Балеска

Еден Ashtanga Vinyasa Full Body час изгледа вака: 👇

  • Најпрво се размрдува (загрева) телото со стоечки асани и баланси;
  • Потоа се става фокусот на одреден дел од телото и длабоко истегнување;
  • Асани за оладување;
  • Завршна секвенца и на крај минимум 5 минути шавасана.

Придобивките што ќе ги искусиш од еден ваков час се бројни.

Веднаш после часот се чувствуваме полни со енергија. На првиот час можно е буквално да не си го препознаеш телото затоа што понекогаш појма немаме на што се’ е способно сопственото тело. Потребни се неколку месеци за здивот да се синхронизира со физичкото движење и години за да умот, телото и здивот да станат едно и праксата да стане медитација во движење.

А тоа што ќе можеш да си вежбаш од дома е уште една голема предност. 🎯

Во јогата е многу важно фокусот да е на себе и во интимноста на твојот дом да можеш да се осамиш 60 минути, да ги посветиш само на себе, без да се замараш какви хеланки носиш и како изгледаш во одредени асани.

FitKit Plus Ashtanga Vinyasa Full Body програма на Радица Балеска

За да дознаеш повеќе за Радица: 👩

✅ Следи ја на Инста — @jogasoradica

✅ Пиши ѝ на Фејсбук — RadhaYoga

👉За да почнеш да вежбаш со Радица, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

За крај, еве зошто треба да ја пробаш Ashtanga Vinyasa Full Body програмата на Радица Балеска: 👇

Ќе го размрда и истегне секое мускулче од телото. На крајот од часот ќе се чувствуваш како да лебдиш над земја. Комплетно чувство на слобода! 😍


FitKit Plus logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *