FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments
FitKit Plus Burn It Up програма на Надица Јовановиќ

Цел живот се занимава со спорт, а во последниве 5 години детално ја изучува фитнес гранката, прераснуваjќи во еден од најдобрите персонални тренери во земјата кој постојано ја пренесува својата љубов и пасија за спортот. 🏆 Нејзината цел е заедно со вежбачите да воспостави здрави навики кои ќе придонесат кон подобро, поенергично и поуспешно секојдневие.

Запознај ја Надица Јовановиќ, еден од нашите FitKit Plus тренери кој ја води програмата Burn It Up. 👋

Ова не е обичен класичен фитнес тренинг. Станува збор за внимателно избрани вежби кои може да ги изведуваат мажи и жени од 15 па до 55 години што имаат желба да пробаaт нешто ново и поразлично.

Програмата Burn It Up е едноставна за следење и лесна за разбирање. За спроведување на вежбите е потребно само мал простор дома и две тегчиња кои лесно можат да се заменат со шишиња вода. Исто така, секоја вежба може да се изведува и без дополнителна тежина, односно само со сопствена тежина. Целата програма е приспособена и за почетници и за понапредни вежбачи со помош на варијации на вежбите. На Burn It Up тренинзите може да се приклучи секој од каде и да сака и кога и да сака. Потребно е само да кликне на FitKit plus за да почне да ги гледа сите видеа, да си обезбеди едно мало просторче за вежбање, две тегчиња, шише вода и може да започне.

FitKit Plus Burn It Up програма на Надица Јовановиќ

Еве како изгледа еден Burn It Up тренинг: 👇

Секој тренинг трае од 40–50 минути и е различен, односно варира помеѓу тренинзи за горен дел, долен дел и кардио. Јадрото е во главен фокус низ целата програма и затоа секој тренинг има вежби за негово зајакнување. Сите вежби се комплексни, односно опфаќаат повеќе мускулни групи при нивно изведување, а воедно сите се функционални и ни помагаат да го подобриме нашиот баланс, кардиоваскуларна кондиција, координација и мобилност.

Ова се само дел од бенефитите што ќе ги искусиш како вежбач од овие тренинзи:

✔️ Врвна мотивација за време на тренинг;

✔️ Поголема енергија, зголемена самодоверба и позитивност по часот;

✔️ Воспоставување на здрава фитнес рутина, зајакнување на твоето тело кое ќе ти помогне да се чувствуваш подобро во него и полесно да ги извршуваш секојдневните обврски.

FitKit Plus Burn It Up програма на Надица Јовановиќ

А за да дознаеш повеќе за Надица: 👩

✅ Следи ја на Инста — @nadica_jovanovik

✅ Пиши ѝ на Фејсбук — Надица Јовановиќ — Персонален Тренер

✅ Конектирај се на LinkedIn — Nadica Jovanovik

👉За да почнеш да вежбаш со Надица, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

За крај, еве зошто треба да тренираш Burn It Up со Надица Јовановиќ: 👇

Знам дека започнувањето на некоја нова рутина за вежбање знае да биде тешко и предизвикувачко, па затоа оваа програма е направена со цел секој да може да ја разбере и да ја следи без разлика на тоа до кој степен е вежбачот — дали сте поченици или напредни вежбачи. Секоја вежба е детално објаснета и покажана со цел сите заедно да ја изведуваме правилно. Јас сум тука низ целиот процес, во секој чекор и за секакви дополнителни консултации или дилеми. 💪


FitKit Plus app logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *