FitKit Pixel

Запознајте го Христијан Томовски, нашиот FitKit Plus тренер кој ја води програмата Mobility со Кико. 👋

By in Uncategorized
No comments
mobility-со-кико

Започнал како помошен тренер по кросфит, се до моментот кога Атанас Михајловски го видел потенцијалот што се крие во него и му понудил да води еден од неговите кросфит тренинзи. Останатото е историја. 💪

Запознајте го Христијан Томовски, нашиот FitKit Plus тренер кој ја води програмата Mobility со Кико. 👋

Кико ја црпи својата мотивација од луѓето кои секојдневно ги тренира, а тоа е одлично прикажано и во неговата програма.

Што точно го инспирираше Кико да ја креира оваа програма?

Животот е комбинација на функционални движења и учење нови вештини секој ден. Двете зависат од подвижноста на телото (mobility). Тоа ви овозможува да одржувате неутрална позиција на грбот и подобра “основа” и ја зголемува ефикасноста на секое движење.

mobility-со-кико

Овие тренинзи се наменети за љубители на кросфит, кикбоксери, бодибилдери, борачи и гимнастичари. 🏋

Часот се состои од 8 минути активно истегнување на посебни делови од телото. Сè што ти е потребно за изведување на овој тренинг е подлога за вежбање и ѕид во близина на тебе.

Главниот фокус е насочен на придобивките што ќе ги добијат вежбачите:

☑ Целосна мобилност во движење на рацете, нозете, колковите, рамењата,

☑ Поголемо чувство на рамнотежа, 

☑ Намален ризик од повреди, 

☑ Одржување на виталноста на зглобовите.

mobility-со-кико

За да дознаеш повеќе за Кико: 👦

📸 Следи го на Инста – @hristijan_tomovski

👍Пиши му на Фејсбук – Hristijan Tomovski

👉За да почнеш да вежбаш Mobility со Кико, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

Зошто треба да ѝ дадеш шанса на програмата Mobility со Кико?

Доаѓам од позиција каде што секој вежбач бил на својот почеток. Целосно ги разбирам и затоа ја подготвив оваа програма како еден shortcut to become a better athlete. Оваа FitKit Plus програма ја плаќате еднаш, а може да ја користите во било кое време, секаде и засекогаш.

mobility-со-кико

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *