FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments
FitKit Plus Power Pilates програма на Ивана Каратукова

Пилатесот ѝ бил љубов на прв тренинг, a денес таа е еден од најдобрите пилатес тренери во земјава, со многу задоволни вежбачи кои со нетрпение го очекуваат секој нареден тренинг. 😎

Запознај ја Ивана Каратукова, еден од нашите FitKit Plus инструктори. 👋 Ивана ги води тренинзите по Power Pilates кои се идеални за секој вежбач — од почетници, па се до вежбачи со искуство.

Power Pilates програмата е концепт креиран да одговара за секој вежбач. Покрај физичките резултати кои се видливи по само 12 тренинзи, вежбачите ќе имаат повеќе енергија, ќе ја подобрат здравствената состојба и ќе имаат чувство на исполнетост и поголема самодоверба. Долгорочно редовното вежбање Power Pilates ќе им стане дел од секојдневието поради бенефитите од психофизичката исполнетост. 💪

Power Pilates програмата се разликува во тоа што цел тренинг е со различни вежби. Нема сетови на повторување. Секој тренинг е различен од претходниот и секој тренинг ги вклучува главните мускулни групи на телото.

FitKit Plus Power Pilates програма на Ивана Каратукова

Еве како изгледа еден час по Power Pilates: 👇

Секогаш часот почнува со загревање со истегнувања, загревање со вежби за подобрување на моториката на телото. Следат силови вежби со таргетирани мускулни групи и завршуваме со вежби за истегнување.

Нејзиното патешествие како тренер започнало сосема случајно:

По средното балетско школо се запишав на Филолошкиот факултет и многу ми фалеше физичката активност. Ја запознав Ирина, првата девојка што го има донесено Пилатесот во Македонија и тоа беше љубов на прв тренинг. 😍 Прво како вежбач, а потоа и како инструктор, ме мотивираше креативноста на часовите и вежбите. Бројни комбинации на вежби со кои се опфатени најдлабоките мускули и јадрото на телото. Прецизни вежби за да нема простор за забушавање. Секој тренинг различен и подеднакво предизвикувачки како претходниот. Тренинг за ум и тело за целосно да можеш да се посветиш на својот храм во кој што живееш.

За да дознаеш повеќе за Ивана:

✅ Следи ја на Инста — @ivanakaratukova

✅ Пиши и на Фејсбук — Ivana Karatukova

👉За да вежбаш Power Pilates со Ивана, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

Ако си веќе дел од фамилијата на FitKit, треба само да се најавиш за да продолжиш кон твојата омилена програма.

Power Pilates програматa ќе ве мотивира да се промените и ќе ве направи подобар човек одвнатре и однадвор. Со овој концепт на вежбање, вежбачите можат да вежбаат кога сакаат и каде сакаат. Тренинзите се достапни во секое време. Можат да комбинираат повеќе програми скроени од искусни инструктори во својата област и да постигнат уште подобри физички резултати. И сето тоа да го прават од удобноста на својот дом. Повеќе нема изговори! 😊


FitKit logo app

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *