By in Uncategorized
No comments
simona-fit-kit-plus

На 16 години за прв пат влегува во светот на фитнесот, восхитувајќи се на луѓето со убава фигура и изглед. Долг период работела на себе за да го достигне она што сакала да го види на своето тело. 💪

По долги години собирање знаење и искуство, се стекнува со лиценца за бодибилдинг и фитнес инструктор. Денес работи како фитнес инструктор во „ББК Атанасовски” каде што секојдневно им помага на вежбачите да ја направат посакуваната трансформација.

Запознајте ја Симона Ристовска, наш FitKit Plus тренер која ја води програмата Sim Fit. 👋

Програмата е составена од 6 различни тренинзи, поделени според мускулни групи и кардио вежби. За изведување на најголем дел од вежбите се користи сопственото тело, но застапени се и вежби со тежина.

Тренинзите се наменети за секого, од почетници до напредни вежбачи, особено прилагодени за женската публика. 🙋

Се што ќе ти биде потребно од реквизити се две еднорачни тегови, кутија или столица. 

Сите ние сме исти, а сепак сме различни. Токму затоа оваа програма е составена од различни тренинзи кои ќе ти помогнат во оформување на целото тело, топење на масните наслаги, тонирање на мускулните групи и нивно зацврстување. 

simona-fit-kit-plus

Еве како изгледа еден Sim Fit тренинг: 👇

✅ Се почнува со загревање за да се забрза пулсот и да се подготват мускулите за вежбите кои следуваат;

✅ Следуваат вежби за зацврстување, оформување на мускулни групи со фокус на одреден дел од телото или кардио вежби; 

✅ Тренингот завршува со истегнување.

Во случај да не сте знаеле, домашните тренинзи можат да бидат многу ефикасни. Овие тренинзи се со краткорочен резултат за брзо согорување на калориите и оформување на мускулните групи, но со долгорочни резултати кои заедно со голема мотивација ќе ги достигнеме. Не заборавај дека големината на теговите и отпорот зависи од твојата физичка способност и цел. Тука сум секогаш за тебе! 🙏

За да дознаеш повеќе за Симона: 👩

📸 Следи ја на Инста – @simona_ristovska

📝 Пиши ѝ на Фејсбук – Симона Ристовска 

⭐️ Конектирај се на LinkedIn – Simona Ristovska

Овој начин на онлајн вежбање е нешто што недостигаше. Секој треба да има можност и опција да купи цела однапред подготвена програма од тренер и да вежба кога сака и каде сака. Не секој и секогаш има време да отиде во некоја фитнес сала. Со овој тип на програми се нуди можност секој вежбач или почетник да проба и различен стил на програми за вежбање со што физичката активност би била секогаш позабавна.

simona-fit-kit-plus

👉За да почнеш да тренираш со Симона, креирај го твојот профил на FitKit Plus

Зошто да ѝ дадеш шанса на Sim Fit програмата?

Биди дел од мојата програма и започни ја твојата трансформација СЕГА со внимателно одбрани комбинации и различен тип на  вежби кои што те водат до посакуваната цел. За подобри резултати, тренинзите можеш да ги повториш и по неколку пати со различен интезитет. Ќе треба само да кликнеш на било кој час и во било кое време и да вежбаш заедно со мене. Изборот е твој! Чекам фидбек. 😉

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *