By in Uncategorized
No comments
daniela-fit-kit-plus

Доколку си во потрага по динамична и релаксирачка јога, ќе се пронајдеш во Vinyasa Flow. Преку споени движења и комбинирања на асаните во вид на танц, оваа јога ќе те доведе до медитација и присутност во сегашниот момент. 🧘

Vinyasa Flow е дел од FitKit Plus портфолиото предводена од јога инструкторката Даниела Миовска. 👋

По завршувањето на обуката за сертифициран аштанга и винјаса јога учител во 2017 година, Даниела веќе 4 години несебично го шири своето знаење. 

Програмата Vinyasa Flow е начин на практикување јога од комфорот на својот дом.

Оваа програма се состои од 4 динамични тренинзи во кои фокусот се става на различни делови од телото – рамења, колкови, нозе и ‘рбет. Освен класичните асани, Vinyasa Flow е составена од асани за баланс, торзии и длабоки истегнувања кои овозможуваат активација на сите мускули. Содржи и пранајама вежби за свесно дишење и кратки медитации за релаксација.

Програмата е идеална за искусни практиканти, но и почетници со редовна физичка активност. Се што ти е потребно е простирка и блокчиња.

daniela-fit-kit-plus

Еве како изгледа еден Vinyasa Flow час: 👇

✅ Се почнува со кратка медитација или пранајама вежба;

✅ Асани за загревање;

✅ Се изведуваат стоечки асани, асани за баланс и торзии;

✅ Завршни асани;

✅ Се завршува со медитација.

Со редовно практикување на програмата придобивките се бројни. Краткорочно, добиваш динамичен тренинг кој ќе ти овозможи загревање и детокс. Долгорочно, ти се подобрува флексибилноста, се зајакнува телото и издолжуваат мускулните ткива. Истовремено, воспоставуваш баланс помеѓу умот, душата и телото и го продлабочуваш и издолжуваш здивот.

daniela-fit-kit-plus

За да дознаеш повеќе за Даниела: 👩

📸 Следи ја на Инста – @daniellkaa

📝 Пиши ѝ на Фејсбук – Daniela Miovska

⭐️ Конектирај се на LinkedIn – Daniela Miovska

👉За да почнеш да практикуваш јога со Даниела, креирај го твојот профил на FitKit Plus

Мотивацијата која ме води доаѓа од спокојот на лицата на практикантите по секој завршен час. Се надевам дека се повеќе и повеќе ќе гледам смирени и насмеани лица и дека јогата ќе стане секојдневие за секој. 😇

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *