Атанас е еден од најбараните локални Кросфит тренери со многу задоволни и активни вежбачи. Со поддршката од Атанас, кој е дел од тимот на Ultimate Fit Alebras, добиваш прецизно креирани Кросфит тренинзи за мажи и жени, одлични за секоја возраст.
Се работи за функционални тренинзи и пристап со кој што не само што го активираш телото, туку и ќе добиеш не само убаво тело за покажување, туку и долгорочни придобивки во квалитетот на живеење.
Преку своите програми, Атанас ги разработува основните движења кои обезбедуваат одлична основа за понатамошен нервен и мускулно-скелетен развој. Вежбите со Атанас ти го подготвуваат телото и локомоторниот систем за секојдневни активности и те снабдуваат со енергија.
Преку FitKit апликацијата, ова се тренинзите кои можеш да ги резервираш кај Атанас Михајловски:
- Онлајн Ultimate Fit Alebras тренинг
- Ultimate Fit Alebras тренинг во природа
Атанас е и еден од нашите FitKit Plus тренери кој ја води програмата Основи на Кросфит.
Ова е сеопфатна 10-часовна програма која што ги поставува основите на функционалниот тренинг. Програмата е одличен старт за секој почетник да се запознае со овој тип на тренинг, а за оние кои се понапредни вежбачи да се вратат на основите и да ги потврдат знаењата за Кросфит.
Освен посветеноста на Атанас како инструктор, неговите програми вклучуваат и совети за правилна исхрана и стекнување здрави навики.
Подготви се за интересна програма и целосен кондициски тренинг што ќе те држат константно активен/а!
За да дознаеш повеќе за Атанас:
Следи го на Инста — @atanas.mihajlovski
Пиши му на Фејсбук — Атанас Михајловски