Елисавета Димовска е идеалната комбинација на кросфит тренер и нутриционист. Како технолог за веганска исхрана, фитнес тренер и дел од тимот на „О2 Универзал” во Битола, Елисавета ќе ти помогне во воведување на позитивни промени преку исхрана и вежбање.
Преку FitKit апликацијата, ова се тренинзите кои можеш да ги резервираш кај Елисавета Димовска:
- Високо интензивни тренинзи HIIT во Битола
- Фитнес тренинг во студиото на O2 Универзал во Битола (Ели како личен тренер ќе ти помогне во процесот)
Ели е и еден од нашите FitKit Plus тренери која ја води програмата xFit.
Станува збор за серијал на функционални тренинзи со кои се активира целото тело. Програмата е составена од 6 високо-интензивни тренинзи, со кои ќе ја унапредиш твојата физичка сила и кондиција.
Како искусен кросфит тренер, Ели ќе ти помогне секој нареден час да бидеш помотивиран/а, да станеш најдобра верзија на себе и да ги постигнеш своите фитнес цели.
Освен одлично скроена фитнес програма и совети за постигнување на телото од соништата, Ели работи како нутриционист и онлајн. Загрпчи ја можноста да научиш како до подобри фитнес резултати со правилна исхрана од комфорот на својот дом.
Доколку сакаш промена на своето тело, преку тренинзите и советите на Елисавета, резултатот е неизбежен. Секој тренинг ќе биде нов предизвик каде што ќе се запознаеш себеси и ќе изградиш посилна и подобра верзија од себе.
За да дознаеш повеќе за Елисавета како тренер:
Следи ја на Инста — @elisavetadimovska
Пиши ѝ на Фејсбук — Dimovska Elisaveta