Надица е искусен персонален тренер кој постојано ја пренесува својата љубов и пасија за фитнесот.
Веќе 5 години е посветена на своите вежбачи и нивната едукација. Нејзината филозофија за здрав живот се темели на создавање навики за подобро, поенергично и поуспешно секојдневие.
Тренинзите на Надица се составени од внимателно избрани вежби идеални за мажи и жени од 15 до 55 години кои сакаат да пробат нешто ново и поразлично. Без разлика дали си почетник или напреден вежбач, ќе го најдеш тоа што го бараш во програмите на Надица.
Надица е еден од нашите FitKit Plus тренери која ги води програмите:
Станува збор за програми со комплексни вежби, приспособени за почетници и понапредни вежбачи. Овие функционални тренинзи опфаќаат повеќе мускулни групи за нивно изведување, а со тоа ти помагаат да го подобриш балансот на телото, кардиоваскуларната кондиција, координацијата и мобилноста.
Подготви се за вежби кои ќе те предизвикаат, ќе ја стават на тест твојата издржливост и борбеност, но и ќе ти донесат чувство на храброст, задоволство и среќа.
За да дознаеш повеќе за Надица:
Следи ја на Инста — @nadica_jovanovik
Пиши ѝ на Фејсбук — Надица Јовановиќ — Персонален Тренер
Конектирај се на LinkedIn — Nadica Jovanovik