By in Uncategorized
No comments

Ивана Атанасовска е сертифициран фитнес нутриционист и тренер.

Таа е сертифицирана од Меѓународната асоцијација за спортски науки и поседува сертификат за физиологија на вежбање од порталот за континуирана едукација на Меѓународниот Олимписки комитет. 
Магистрира Спортски менаџмент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје во 2016 година.

Иако нејзината стручна едукација во спортот започнува во областа на спортскиот менаџмент,
 таа сподели со нас дека понатамошната професионална насока и едукација решила да ги продолжува во областа на фитнесот и нутриционизмот.
 
Секој тренинг со Ивана е различен и е засебен нов предизвик. Тренинзите се интензивни и опфаќаат функционална комбинација на кардио и вежби за зголемување на силата и подобрување на тонусот на мускулите. Наменети се за оние кои сакаат да симнат вишок килограми, да ја одржуваат својата физичка кондиција и да ги тонираат мускулите на целото тело.

Секој кој ќе се вклучи во програмата со Ивана ќе добие насоки за исхрана за реализација на детерминираната цел и совети за практична и балансирана примена во понатамошното секојдневие.

Процесот е следен:

  1. Соберете се минимум 5 луѓе, или пријави се па ние ќе ти најдеме група.
  2. Пријавете се овде и кажете кое време најмногу ви одговара.
  3. За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на Instagram или Facebook.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *