FitKit Pixel

Дијана Оркич Шивачев – кинезиолог и фитнес инструктор во првата епизода на WELLCAST with Josif, ни го дава одговорот во кои случаи вежбањето носи повеќе штета отколку корист.

By in Uncategorized
No comments

Во просек, луѓето што се здрави, треба да вежбаат минимум 3 до 4 пати неделно во времетраење од 45 до 60 минути. Но што кога вежбањето се прави “ради” реда? Кога вежбањето не носи вредност и е губење на време? 🤔

Дијана Оркич Шивачев – кинезиолог и фитнес инструктор во првата епизода на WELLCAST with Josif, ни го дава одговорот во кои случаи вежбањето носи повеќе штета отколку корист.

wellcast-with-josif

Деформитети во телото за кои не знаеме

Околу 95% од вежбачите (без разлика на возраста) имаат проблем со некаков деформитет на телото без да бидат запознаени со истиот. 

Ова е проблем кога почнуваш нова активност или сакаш да пробаш вежби од Инстаграм и без да си свесен/на каков импакт ќе има врз твоето тело. 

Ова може да донесе 2 резултати: 

⚠️ Aко некој дел од телото те болел, болката може да стане посилна.

⚠️ Вежбите нема да имаат никаков ефект врз твоето тело. 

wellcast-with-josif

Најчести се деформитетите во стапалата (или рамни стапала). Една од вежбите во кои искусните фитнес инструктори можат да препознаат дали некој има рамни стапала се чучњевите. 👣

Ако тренерот забележи дека стапалата или прстите се движат кон внатре, треба да го алармира вежбачот дека нешто не е во ред. 

Ако се сомневаш дека имаш деформитет на телото, подобро да се консултираш со ортопед, физиотерапевт или кинезитерапевт пред да почнеш да вежбаш (за секој случај). 🙏

Нереални очекувања за вежбањето и изгледот, обликувани од социјалните медиуми

Луѓето често знаат да отидат на вежбање и да му покажат на инструкторот слика како сакаат да изгледаат. 👩

Сепак, поентата е да избереш соодветни вежби според твоето тело. Ако имаш многу сила, треба да почнеш со вежби за флексибилност. И обратно, ако си многу флексибилен/на, не е лошо да пробаш вежби за сила. 

Затоа, тренерот пред да креира програма, треба да направи проверка за да знае во која насока да се движи при формулирање на вежбите.

Понекогаш, подобро е некој да пешачи, отколку по секоја цена да оди во теретана само за да се пофали на  социјалните мрежи.🤦

Кога се чувствуваш “згазено” после вежбање

После вежбање треба да се чувствуваш полн/а со енергија, а не прегазен/а. 🚨 

Ако си уморен/а и многу воспален после вежбање до точка да не можеш да станеш од кревет, правиш нешто погрешно (или си ја избрал погрешната активност).

wellcast-with-josif

Користење телефон за време на тренинг

На телефонот не му е местото во теретаната, освен за да пуштиш музика за вежбање или да гледаш YouTube видеа за изведување на одредена вежба. 

Скролањето по социјалните медиуми за време на тренинг само ќе ти ја намали мотивацијата и ќе заборавиш зошто си дошол на вежбање.

Не ти треба мобилниот за вежбање, туку силна мотивација! Затоа, креирај одлична плејлиста со музика што те мотивира да вежбаш и фрли се во акција. Дури и кога гледам други како вежбаат, без разлика дали е тоа во живо или на видео, ме инспирира и јас да го следам нивниот пример. 🔥

Вежбање за лечење комплекси

wellcast-with-josif

На секои 12 недели треба да правиш проверка како напредуваш кон твојата фитнес цел. Не може да очекуваш за 1-2 недели да имаш резултати – тоа не е реално!

Има многу млади луѓе што се доволно згодни и развиени и немаат потреба да користат дополнителни суплементи за да одат во крајности. ⚠️

Луѓето ја сакаат крајната слика, а не сакаат да ја платат цената. Тие го гледаат крајниот продукт кај спортистот, но не ја гледаат цената што ја платиле тие – години и години вежбање и правилна исхрана. 

Со физички активности не треба да се престане никогаш, освен ако докторот изрично ви каже дека поради некоја здравствена причина не смеете да вежбате! 💪

Погледнете ја целата епизода на WELLCAST with Josif: ⬇️

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Tags: , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published.