Body & Beyond

BODY & BEYOND

Студиото Body&Beyond е единствено студио во земјава каде што може да вежбаш STOTT PILATES Reformer, најцелисходен и најефикасен тренинг на денешницата.

Станува збор за пилатес справа која се состои од подвижна платформа и повеќе федери со различно ниво на отпор. Вежбите се изведуваат во лежечка, седечка, клечечка или стоечка положба, со примена на различен отпор зависно од вежбата и физичката способност на клиентот, како и со примена на одредени реквизити во одредени ситуации.

Она по што особено се истакнува вежбањето на Реформер е што самата справа ги активира не само површинските, туку и најтешко достапните мускули кои често се запоставуваат при другите методи на вежбање.

Вежбите се изведуваат под постојан надзор од страна на Сертифициран инструктор за STOTT PILATES Reformer, чија што задача не е само да одреди програма со вежби и да следи дали клиентите безбедно и правилно ги изведуваат истите, туку и да ги мотивира да бидат истрајни во постигнувањето на своите цели.

Контакт Инфо

Достапни активности