FAQ

Што се кредити?
Систем за закажување на тренинг или услуга. Секое резервирање одзема одреден број кредити од твојот FitKit профил. При секое надополнување, кредитите важат 30 дена.
Што се претплати?
Пакети со пристап до активности и услуги. Во зависност од претплатата што ќе ја одбереш (S, M, L или XL), добиваш пристап до тренинзи во сала или онлајн, спа третмани, пристап до FitKit Plus видео програмите, како и гратис облека за вежбањe или реквизити.
Kоја е разликата помеѓу FitKit и FitKit Plus?
FitKit Plus е само додадена вредност на FitKit. Користејќи ја мобилната апликација и некој од пакетите или претплатите, имаш пристап и до видео програмите за вежбање.
Како можам да ги гледам FitKit Plus програмите?

Преку FitKit апликацијата или директно на овој линк https://plus.fitkit.app.

Колку време имам пристап до видео програма на FitKit Plus после отклучување?
Еднаш ја отклучуваш и ја имаш достапна засекогаш на твојот FitKit Plus профил.
Треба ли однапред да резервирам час?
Да. Резервирај час преку избраната претплата или плати со кредити.
Можам ли да откажам веќе закажан час?
Да. Откажување на термин е возможно само доколку се направи пред почеток на одржување. После откажување кредитите ќе се вратат на твојот профил.
Можам ли да ја откажам или надоградам претплатата?
Да. Претплатата може да се откаже и надгради во било кое време.
Што ќе се случи со моите кредити ако не ги потрошам во предвидениот рок?
Доколку имаш оправдана причина за нивно неискористување, можеш да побараш кредитите да се префрлат за следниот месец.
Што ќе се случи со моите кредити ако ми го откажат часот, а веќе сум платила за него?
Кредитите нема да пропаднат. Може да се слушнеш со тренерот и да побараш кодот за часот да важи и за следниот тренинг или пиши ни e-mail со побарување да ги вратиме.
Дали можам да ги префрлам моите кредити на некоја друга FitKit сметка?
Не. Секоја FitKit сметка е индивидуална и неделива.
Каде можам да се обратам за технички проблеми со апликацијата?

Пиши ни e-mail (contact@fitkit.app), Фејсбук, Instagram, или LinkedIn и ќе го средиме проблемот најбрзо што можеме!