By in Uncategorized
No comments

Powerhouse Pilates се едни од пионерите во фитнес индустријата во земјава. Она што ги прави уникатни е тоа што Powerhouse Pilates е првото студио во Македонија што ја воведе пилатес техниката која веќе 18 години ја усовршуваат и надградуваат.

Во одличен амбиент и динамична атмосфера, можеш да избереш да вежбаш Power Pilates, Cardio, Total Body workout, Zumba, Pilates Yoga. Доколку си нов/а во овие дисциплини, немај гајле — тимот од овие прекрасни девојки постојано ќе го следи и охрабрува твојот напредок. А за најлојалните вежбачи се резервирани интересни понуди.

Ивана Каратукова од тимот на Powerhouse Pilates, вели дека секојдневно се посветени на креирање квалитетни и функционални тренинзи.

-Позитивното расположение за време на тренингот, и видливите резултати на нивното физичко и психичко здравје се мотивот кој со години ги тера нашите вежбачи да доаѓаат на часовите во PowerHouse.

Поради големиот интерес, во план е наскоро да се воведат не само дополнителни термини за вежбање, туку и нови техники што ќе ти помогнат да го подмладиш духот и да го обликуваш телото од соништата.

Доколку те заинтересиравме, можеш да го посетиш студиото на Powerhouse Pilates на една од следниве 3 локации низ Скопје:

За да бидеш во тек со сите новости на Powerhouse Pilates, можеш да ги следиш на следниве социјални мрежи:

Instagram: @powerhousepilates

Facebook: PowerHouse Pilates

Powerhouse Pilates е уште еден член на ФитКит фамилијата.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂

Tags: , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *