FitKit Pixel

Со широка лепеза на јога часови, тимот на Pure им помага на сите јога практиканти кои што сакаат да го подобрат своето ментално и физичко здравје. 

By in Uncategorized
No comments
pure-studio

Ако сакаш да ја подобриш флексибилноста на мускулите и зглобовите, да ги ослободиш токсините, или да го зајакнеш и подмладиш телото, Hatha Vinyasa часовите со Марија Јанакиевска во студиото Pure е вистинското место за тебе каде што ќе ги почувствуваш сите придобивки од јогата на своја кожа 💯

Со широка лепеза на јога часови, тимот на Pure им помага на сите јога практиканти кои што сакаат да го подобрат своето ментално и физичко здравје

pure-studio

По само неколку часа, видливо ќе ти се намали стресот и напнатоста и ќе ти се подобри општата благосостојба на организмот. 🧘

Еве кои други видови на јога ги имаш на располагање во Pure Studio:

✅ Hatha Vinyasa Yoga

✅ Ashtanga Yoga

✅ Power Yoga

✅ Prenatal Yoga

✅ Morning Yoga

Вежбањето јога во Pure со Марија ќе ти ја зголеми свесноста за телото и твоето постоење, преку поврзување на телото со умот. Со текот на времето, ова ќе ти помогне за подобро држење на телото и зголемување на самодовербата. 🤗

Ако пак имаш болки во грбот од долго седење пред компјутер, специфичните вежби што се дел од програмата на студиото ќе ти помогнат да се намали или целосно да се елиминира болката во вратот и гробот.

Она што ги прави Pure уникатни како јога студио е специјално дизајнираната програма за пренатална јога.🤰

Овие часови се наменети за бремените жени, со цел да им помогнат да ја зголемат силата и флексибилноста на телото и да се поврзат со своето тело, без разлика дали имаат претходно искуство во јогата или не.

pure-studio

Доколку те заинтересиравме и сакаш на своја кожа да ја почувствуваш хармоничната атмосфера во Pure Studio, можеш да го посетиш студиото што се наоѓа на улицата „29ти Ноември“ број 4, локал 6 во општината Карпош во Скопје.👣

A за да бидеш во тек со сите новости на јога студиото Pure, еве како можеш да ги најдеш на социјалните мрежи: 

📸 Instagram: @pure.mk

👍Facebook: PURE Studio

📧 E-mail: purestudio.mk@gmail.com

FitKit logo

Pure Studio е уште еден член на ФитКит фамилијата. ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Закажи си час преку ФитКит апликацијата, достапна на PlayStore и AppStore. Посети го студиото на Pure и пиши review како си поминал/а. 😊

Tags: ,

Leave a Reply

Your email address will not be published.