FitKit Pixel
By in Uncategorized
No comments
SHE Ladies Fitness Center

Ако си од Битола, сигурно си слушнал/а за SHE Ladies Fitness Center, студиото кое веќе 6 години им помага на битолчанките да имаат згодни тела. 💃🏻

Марија Ѓурчиноска, основач на SHE Ladies Fitness Center раскажува како желбата за свое фитнес студио ја претворила во реалност.

Мојата кариера како фитнес инструктор започна во 2011 година. Работејќи со голем број на клиенти, честопати се среќавав со прашањето “зошто не се обидам да работам како фитнес тренер во сопствено студио”? Прашањето ме “прогонуваше” се додека не го сфатив сериозно. Па така се роди и желбата за отварање на фитнес центар, исклучиво за женската популација. Желбата ја имав, мотивацијата се искачи на највисоко ниво благодарение на најблиските, па така кон крајот на 2015 година одлучив да ги направам првите чекори за старт на мојот сон. После неколку месеци планирање и организирање, во mарт 2016 година започна со работа во SHE Ladies Fitness центарот со мене како сертифициран фитнес тренер.

SHE Ladies Fitness Center

Еве кои дисциплини ги имаш на располагање во SHE Ladies Fitness Center:

  Функционален тренинг

✅  Фитнес

Дополнително, ја имаш и можностa да добиеш свој личен тренер. А за секој што ќе купи полугодишна или годишна членарина, добива попуст. 💯

Еве како од студиото ја одржуваат мотивацијата кај вежбачите:

Нашиот стручен тим им стои на располагање за секоја нивна потреба во секое време. Секој клиент добива секојдневни насоки за правилно изведување и комбинирање на тренинзите, па така нашите членови не “лутаат” по патот до постигнувањето на посакуваната цел. 💪

SHE Ladies Fitness Center

Во текот на следните неколку месеци од студиото најавуваат освежување на просторот и зголемување на бројот на реквизити и опрема. 🏋️

Се гордееме со потребата за менувањето на локација во двојно поголем простор и проширување на дејноста по само 2 години постоење. Горди сме на секојдневните постигнати цели на нашите клиенти, а воедно и нашите “основачи членови” кои непрекинато во овие 6 години се постојано заедно со нас. 🔥

Доколку те заинтересиравме и сакаш на своја кожа да ја почувствуваш динамичната атмосфера во SHE Ladies Fitness Center, можеш да го посетиш студиото што се наоѓа на улицата „Петар Петровиќ Његош“ број 121 (улицата кај Sвончарите) во Битола. 👣

SHE Ladies Fitness Center

A за да бидеш во тек со сите новости на SHE Ladies Fitness Center, еве како можеш да ги најдеш на социјалните мрежи: 

📸 Instagram: @sheladiesfitnesscenter

👍Facebook: SHE Ladies Fitness Center

📧 E-mail: Lfc@gmail.com & Lfc.she@gmail.com

FitKit logo

SHE Ladies Fitness Center е уште еден член на ФитКит фамилијата. ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Закажи си час преку ФитКит апликацијата, достапна на PlayStore и AppStore. Посети го студиото на SHE Ladies Fitness Center и пиши review како си поминал/а. 😊

Tags: ,