Веќе некое време напорно работиме да го подобриме твоето корисничко искуство како FitKit корисник. Воведуваме нови функционалности во апликацијата што ќе го направат твоето фитнес патување поинтересно и помотивирачко! Со поени, предизвици, награди и топ листа, FitKit сега нуди дополнителен поттик за постигнување на твоите цели – Fit Rewards. Па ајде да ти раскажеме сѐ!
Како да бидеш дел?
📌 Во апликацијата најди ја секцијата Fit Rewards доле лево.
📌 Следи ги твоите дневни и месечни предизвици и статусот на комплетирање.
📌 Собирај поени и качувај се на топ листата!
Да почнеме чекор по чекор.. 🥁
Дневни Предизвици 🏅
Дневните предизвици се лесни задачки што можеш да ги завршиш секој ден за да заработиш поени. Колку почесто ги комплетираш, толку поблиску си до врвот на топ табелата и до месечните награди! Овие поени ќе се акумулираат на твојот профил и нема да се ресетираат.
Пример: Обележи активност како омилена ✅ Не заборавај дека 👉 Секој ден ти е нова шанса за да собереш што повеќе поени!
Месечни Предизвици 🏆
Тука започнува интересното.. 12 месеци, многу предизвици 12 подароци!
Месечните предизвици се твојата шанса да освоиш најмногу поени и да се искачиш на врвот на топ табелата!
Со комплетирање на овие месечни предизвици, како на пример посета на теретана неколку пати во месецот, букирање масажа, закажување на јога и многу други предизвици кои можеш да ги исполниш – директно влијаеш на твоето рангирање. Но, внимавај! За да ги добиеш поените, мора да кликнеш на копчето „Собери поени“ во апликацијата откако ќе го завршиш предизвикот.
Поените ќе се ажурираат на Leaderbord во моментот кога активноста која си ја исполнил ќе биде валидирана од страна на локацијата/провајдерот.
Најдобрите корисници секој месец ќе бидат наградени со интересни подароци, па се надеваме дека ќе им дадеш шанса! ☺️
Топ листа (Leaderboard) 🥇
Местото каде што се случува магијата!
Топ листата е местото каде што можеш да го следиш својот напредок, да се споредиш со останатите FitKit корисници и да се мотивираш за уште подобри резултати. Со секој завршен дневен или месечен предизвик, заработуваш поени кои директно го одредуваат твоето место на табелата.
🥇Топ корисници – Најдобриот FitKit член со најмногу освоени поени секој месец добива шанса за интересен подарок.
⏳ Ажурирање во реално време – Табелата постојано се освежува, така што секогаш можеш да провериш каде се наоѓаш во однос на другите.
🔥 Мотивација за напредок – Дали можеш да се искачиш на врвот? Натпреварувај се со себе, постави си цел и освојувај поени.
👉 Следи ја твојата позиција, исполнувај предизвици и рангирај се.
Еден корисник може да освои подарок најмногу 2 пати во една фискална година. (Фер, нели?)
Те оставаме да истражиш, а до тогаш слободно провери ги нашите апдејтирани и ажурирани Услови за Користење како и Политика на Приватност.