Вики и Јане oд Fit Hub: Вежбањето ќе ни помогне да ја пребродиме оваа ситуација посилни и поздрави!

Fit Hub FitKit provider

Под мотото Направи нешто за себе!, студиото на Fit Hub неодамна се приклучи кон фитнес центрите што ги отворија вратите за своите вежбачи, под точно определени протоколи.

Иако студиото функционира помалку од година дена, сепак тимот на Fit Hub успешно се адаптираше на ситуацијата. 💪

Вики Ристоска и Јане Симски од Fit Hub објаснуваат како изгледа новиот начин на вежбање во Fit Hub: 👇

  • Салата е поделена на 12 квадрати каде секој вежбач има точно определана позиција од 5м2 (квадрат). Останатиот простор е простор за комуницирање, односно движење низ салата. Тренерите носат постојано маски. Во секој квадрат, нашите тренери ги поставуваат реквизитите за престојниот тренинг.
  • Пред влез во салата секој вежбач си ги облекува патиките за вежбање и ги дезинфицира рацете со дезинфекциско средство и ги става патиките во определен сад, а потоа му се мери температура. Доколку температурата е нормална, вежбачот пристапува кон својот квадрат за вежбање. Сега за сега соблекувалните не ги користиме за да се заштитиме.
  • Термините се редуцирани, односно покрај ограниченоста на бројот на вежбачи има и 20 минути растојание помеѓу тренинзи за да можат реквизитите и салата да се дезинфицира за да биде спремна за наредната група.
  • Поради неопходната пауза од 20 минути помеѓу тренинзите, наместо 5 групи, сега има 4.
Fit Hub FitKit provider

Пред отворање на салата, на вежбачите им понудиле онлајн часови преку платформата Zoom, надевајќи се дека вежбачите ќе имаат простор, желба и мотив за вежбање во своите домови исто како кога се во сала.🙏

Секој од нас се навикна на новиот начин на функционирање онлајн и во сала. Секој знае дека покрај за сопственото здравје одговара и за туѓото, па сите се погрижливи како за себе, така и за другите, бидејќи сите имаме некој за кој се грижиме и сакаме. Сега за сега, салата останува со истиот начин на функционирање бидејќи тоа ни одговара нам и најважно на вежбачите. Доколу во иднина е потребна некоја промена, ќе се адаптираме според неа.

Дисциплината која што како корисник ја имаш на располагање во Fit Hub?

Фунционален тренинг прецизно скроен за совршено да ти го обликува телото! 😍

За помалку од година дена, тимот на Fit Hub веќе зад себе имаат низа успеси со кои што можат да се пофалат:

Бевме дел од Скопскиот маратон! 🏆 Нашиот клуб учествуваше со три мешани тимови на штафетен маратон, каде два од нашите тима беа во топ 10 најдобри тима. Имавме и неколку поединци кој успешно го завришија полумаратонот со подобрување на своите персонални рекорди. Зедовме учество и на неколку планински трки, каде резултатите кои ги постигнаа се одлични со пласмани до 10то место. Ова е само почеток, се надеваме на уште многу натреварувања во најразлични спортови. 👏

Fit Hub FitKit provider

Доколку те мотивиравме да го посетиш студиото на Fit Hub, истото ќе го најдеш на булеварот “8-ми Септември” број 13 во Скопје.

За повеќе детали околу распоредот за вежбање следи ги на Инста (@fithub.mk) и Фејсбук (Fit Hub).

Да се придржуваме и да ги почитуваме мерките кои се поставени од Cветската Здравствена Огранизација, да бидеме претпазливи како за нашето така и за здравјето на другите. Бидејќи само заедно можеме да си помогнеме. Да вежбаме, бидејќи тоа ќе ни помогне да ја пребродиме ситуацијата во која се наоѓаме полесно, бидејќи ќе бидеме посилни и поздрави!

Доста беше излежување! Се гледаме во сала! 😎


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.