Водење на фитнес центар за време на пандемија: Како да успееш во вакви неизвесни времиња?

Oд најмали бизниси до големи корпорации, пандемијата негативно се одрази врз секоја индустрија. Ти не си исклучок. 😳

Сигурни сме дека твоето лидерство како тренер или човек што води фитнес бизнис беше ставено на тест во повеќе наврати.

Дали успешно го помина тестот?

Колку успешно го сврте хаосот во позитивна ситуација?

Дали уште мака мачиш да сврзиш крај со крај?

Дали покажа лидерство кога беше тоа најпотребно?

Во следниве неколку минути ќе можеш да провериш дали себеси може да се наречеш лидер во фитнес индустријата. 🏆

А подолу, ќе ти откриеме и неколку сугестии што треба да правиш во тешки кризни периоди.

📢 Еве 5 начини како да препознаеш дали си добар лидер:

✅ Не се плашиш од промени. Напротив, се обидуваш да го извлечеш максиумот од нив.

✅ Не паничиш ако работите не ти излегуваат според планираното, туку бараш алтернативни решенија (на пример — организирање онлајн часови или фитнес на отворено).

✅ Умешно и со позитивен став се справуваш со несигурните и исплашени соработници и вежбачи кои што до ден денеска имаат дилема дали да се вратат на вежбање или не.

✅ Даваш целосна поддршка на твоите вежбачи и соработници и ги почитуваш нивните одлуки да не се вратат во сала ако се чувствуваат уплашено, да прекинат договор за спонзорство ако им се намалил буџетот и слично.

✅ Внимателно даваш нови информации за функционирањето на твоите часови и фитнес центарот откако претходно добро ги проверуваш.

За тоа колку е лесно или не да се одржи позитивен пристап и лидерство во вакви ситуации, ни објаснува Сандра Ноневска, дел од тимот на Sky Wellness.

Сандра Ноневска, дел од тимот на Sky Wellness.
Извор: Sky Wellness

Воопшто не е лесно. Треба постојано да одржуваш пријатна работна атмосфера, како кај вработените, така и пред клиентите. Пред се, треба да се почитуваат препораките за заштита од Ковид-19 и да се работи на добар маркетинг. Паралелно со тоа се соочуваме со финансии што се многу ниски. После една година од пандемијата, можам да кажам дека одиме во нагорна линија, но неможам да кажам дека е исто како пред пандемијата. 📈

Еве неколку идеи како да се водат фитнес часови (и студио) за време на криза што можеш да почнеш да ги применуваш уште денеска: 👇

1. Постојано комуницирај со своите колеги и вежбачи, биди транспарентен/а за она што се случува и информирај ги за секоја новина на дневно ниво.

2. Потруди се да го одржуваш позитивниот дух во тимот и не дозволувај да те видат како паничиш затоа што тоа е заразно.

3. Престани да се жалиш и преземи одговорност за ситуацијата.

4. Побарај алтернативно решение и креирај нова стратегија на функционирање.

5. Биди ажурен/на на социјалните медиуми.

6. Внимавај на твоето здравје, но и на здравјето и благосостојбата на твоите колеги и вежбачи.

7. Не заборавај да си ги наполниш батериите, за да имаш сила да се соочиш со следниот предизвик.

Извор: Sky Wellness

Кога сме кај предизвици, Сандра објаснува кој бил најголем предизвик на тимот на Sky Wellness.

Најголем предизвик е тоа што после огромна пауза од 3 и пол месеци затворање, се вративме на истата патека. Нормално не беше, и сеуште не е исто како пред појавата на Ковид-19. Начинот на работа, односно придржување на протоколите за работа, доведуваат до промена на работата. Меѓутоа, после цела измината година полна со неизвесност и страв, продолжуваме со работа со надеж дека се ќе се врати во нормала. 🙏

Како и Сандра, како тренер или сопственик на фитнес студио ќе се соочиш со многу кризи кои ќе бидат обликувани во различни форми и големи.

Најважно е да покажеш интегритет, оптимизам и да ја свртиш ситуацијата во своја полза.

Вистинските лидери во фитнес индустријата ги краси токму оваа одлика.

Дали си ти еден/на од нив? 🤔


ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.