Зошто се важни онлајн препораките од вежбачите и како да ги добиеш?

Пред еден вежбач да почне да тренира во ново фитнес студио, голема е веројатноста дека ќе истражи се што пишува за студиото на интернет или ќе комуницира со познаник што го забележал на Instagram дека вежба таму. Ова ги вклучува и препораките и споделените искуства од задоволни и незадоволни клиенти.

Препораките можат да направат голема разлика дали ти како тренер ќе добиеш нови вежбачи или не. Тие се одличен начин да го изградиш, но и да го срушиш твојот бренд.

Статистиката покажува дека 87% од корисниците читаат онлајн критики, а 73% од нив му веруваат на бизнисот откако ќе прочитат позитивни препораки за него. 👀

Така да, ако вежбачот прочита позитивни критики за твојот финтес центар, голема е веројатноста дека ќе се одлучи за тебе. Ако имаш низа на лоши критики дека вежбањето кај тебе не чини, веднаш ќе си бара алтернатива. 😔

фитнес инструкторка Елена Бубало

Секој среќен и задоволен вежбач е најдобрата реклама што може еден тренер да ја има, вели фитнес инструкторката Елена Бубало.

Во моето досегашно искутсво не сум правела многу реклами. Имам делено флаери за моите тренинзи, неколку платени реклами на Фејсбук и Инстаграм, но никогаш со 3+1 членарини или слични попутси. Сега во поново време неколку пати организирам GIVEAWAY. Заклучокот е дека можеби ова било само за да ме има и да се промовирам, но реалните клиенти се само од препораката и ништо друго. Земав баш сега заради ова ваше прашање да прочитам последни 20 пораки од нови вежбачи и 15 беа: Здраво Елена моја другарка вежба кај вас, те следам подолго и никако да се решам да ти пишам, итн. Има еден клуч за успех — лојални клиенти и нивните препораки. 💪

Освен на Фејсбук и Инстаграм, еве каде можеш да собираш препораки за твоето студио: 👇

Photo credits: @hjkp

Како да ги мотивираш вежбачите да ти напишат препорака?

✅ Додај линк за препорака во мејловите што им ги праќаш;

✅ Пиши им во групна порака каде што си разменувате информации за тренинг дека многу ќе ти значи ако ти дадат фидбек за часовите и насочи ги на која платформа да го сторат тоа;

✅ Испрати онлајн анкети после вежбање за да дадат коментар колку се задоволни од тренингот;

✅ Воведи едноставен и брз начин за постирање препораки на твојот вебсајт;

✅ Сподели ги нивните препораки на твоите социјални мрежи за да се охрабрат да ти напишат фидбек оние што се уште не го сториле тоа;

✅ Одговарај на негативните критки не за да се одбраниш, туку за да прашаш како го подобриш искуството на вежбачот за следен пат.

Ивана Каратукова, пилатес инструктор

Еве како Ивана Каратукова, пилатес инструктор ги мотивира вежбачите да го препорачаат нејзиното студио:

Искрено нема некоја тајна. Пред сѐ треба да се биде искрен, секогаш достапен и секогаш свој. Да се мотивираат девојките како групно така и поединечно, да знаеш да препознаеш кога и каде треба да мотивираш. Препораки оставаат задоволни девојки, од тренингот, од односот и енергијата која ја вложувам во нашата дружба. Секоја пофалба која ја добивам е поради квалитетот на тренингот и односот кој го имам со нив.

Добивањето препораки од клиентите може да биде пресудно за твојата репутација. Затоа, колку повеќе позитивни критики имаш, толку подобро.

Постојано барај онлајн фидбек и вложувај во твојата онлајн репутација и ќе видиш како на крајот тоа повеќекратко ќе ти се исплати. 💪


ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.