Како да ја најдеш најдобрата дисциплина?

Дали некогаш си размислувал за најдобрадата дисциплина или тип на вежбање што ќе ти гарантира резултати? Или можеби нешто што ќе ти го задржи континуитетот и нема да се откажеш пребрзо? Епа пред да одиме подлабоко во неколку точки кои ќе ти помогнат да го препознаеш ова запамети дека не постои најдобра дисциплина туку постои само најдобра дисциплина за тебе.

Многу е едноставно. Ако уживаш во нешто, во нашиов случај одреден тип на вежбање, тогаш шансите дека ќе го правиш подолг период се големи. На пример ако не сакаш трчање, не го додавај во твојата фитнес рутина. Животот ни е секако полн со работи кои не ги сакаме, но мораме да ги правиме, затоа барем вежбањето што треба да биде “време за мене” нека биде нешто во што навистина ќе уживаш.

Луѓето што членуваат во одреден фитнес центар или било какво студио кое не им се допаѓа и почнале да одат само поради тоа што “за здравје е добро”, нема да се вложуваат ниту 50% во тренингот и контуниутетот на одење, а со тоа нема да добиваат некои резултати. Супер рецепт за откажување после 1–2 месеци.

Дали мразиш било какво вежбање?

Ако можеби пак се чувствуваш дека било која активност ти е кошмар и зборот вежбање е нешто што последно сакаш да го слушнеш, тогаш помини низ овие прашања и пробај да ја најдеш твојата омилена активност.

Во што си добар?

Самодоверба и добра емоција за тоа што го правиш е клуч за добри резултати, затоа размисли кои се твои добри вештини. Можеби си добар пливач или па уживаш во танцување. Кога си добар во нешто и природно го имаш во себе, постојат големи шанси дека ќе продолжиш да се враќаш и да се подобруваш. Од друга страна кога го правиш нештото со страст и уживање ги заразуваш луѓето околу себе, па со тоа ги зголемуваш шансите да ти се приклучи уште некој близок што ќе го направи искуството уште подобро.

Прочитј ја целата статија на следниот линк.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.