ФитКит Херој на Неделата: Филип Димитров Урошев

ФитКит Херој на Неделата: Филип Димитров Урошев
ФитКит Херој на Неделата: Филип Димитров Урошев

Авантурист по природа, позитивен и секогаш спремен за акција. Запознај го Филип Димитров Урошев – нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

31-годишниот Филип од Хрватска е страствен љубител на алпинизам. 🌄

За време на пандемијата немав опции за вежбање во затворен простор, па затоа почнав повеќе време да минувам во планинарење заедно со Бела и Жиле, моите верни лабрадорки. 🐶

За да остане во топ форма и да има енергија да освојува нови врвови, почнал да вежба онлајн за да си го обликува телото што му е потребно за нови авантуристички потфати.

Кога немав каде да вежбам, многу добро ми се најдоа онлајн видеата. Да, ми фалеше физичкиот контакт и насоки од тренер кои би ми укажале каде грешам при вежбањето, но онлајн тренинзите се дефинитивно одлична алтернатива!

Првиот тренинг што го закажал преку FitKit апликацијата е пливање во Спортскиот Центар Борис Трајковски. 🏊 Од тогаш, апликацијата ја користи неколку пати неделно.

FitKit е одличен филтер и агрегатор на тренинзи каде што на едно место можам да бирам што ми треба. Со само еден клик можеш да ја подобриш твојата психофизичка состојба на долг рок. 💪

Иако се уште пробуваа различни активности преку FitKit, омилена дисциплина му е пливањето бидејќи му помага да го размрда целото тело и најубаво го расонува пред работа.

Како вработен во компанијата Allocate Software, физичката активност наутро не само што го расонува, туку и му помага да ја одржува енергијата на високо ниво во текот на целиот работен ден.

Откако компанијата ја воведе FitKit апликацијата како бенефит за вработените, чувствувам дека сум помотивиран бидејќи на компанијата ѝ е важно нашето физичко здравје и благосостојба. 🙏

ФитКит Херој на Неделата: Филип Димитров Урошев

Инспирацијата за вежбање ја црпи од Alex Honnold, неговиот фитнес идол, а еве како се мотивира кога не му е денот:

Се обидувам да се освестам дека ќе ми биде подобро откако ќе ја исканализирам целата таа енергија од мене преку вежбање. Се е тешко пред да стане лесно! 👏

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.