ФитКит Херој на Неделата: Филип Неделковски

ФитКит е фитнес пасош за сите љубители на здравиот начин на живот, вели 28-годишниот Филип Неделковски од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата.

За прв пат ѝдал шанса на апликацијата закажувајќи тренинг во фитнес центарот Oxygen. Од тој момент, тој станува редовен вежбач во оваа студио, а фитнесот — негова пасија и начин на живеење.

-Најмногу се пронаоѓам во фитнесот, бидејќи можам да експериментирам со вежбите во зависност од моето расположение и времето кое ми е на располагање.

Филип е еден од оние луѓе што сметаат дека секогаш се има време за се, само треба добро да се организира. Иако денот му е преполн со обврски, сепак, успева да вежба по неколку пати неделно.

-ФитКит апликацијата е одлична за денешниот брз начин на живот и времето кое е клучен фактор на сите.

Како вработен во компанијата Alite International, Филип е категоричен дека вложување во вработените во активен живот и добресостојба носи обострана корист.

-Физичката активност е исто толку важна како и психичката, затоа никогаш не треба да ја запоставиме. Секој вработен се чувствува привилигирано, ако знае дека неговата компанија се грижи за тој да ги надградува своите знаења во специфичната област како и неговото физичко здравје.

На своите колеги што се правдаат дека “немаат време” за вежбање, Филип им порачува:

  • Секој може да стекне одредена навика и за тоа никогаш не е касно. Нема подобра инвестиција одколку онаа во себе. На долгорочен план резултатите ќе се одразат како во приватниот така и во деловниот живот.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂