Фитнес трендови што можеби ќе ги искористиш за себе

Комбиниран фитнес

Многу тренери знаат дека за одлични резултати е клучно да се направи добар фитнес план во кој ќе бидат опфатени елементи на кардиоваскуларен фитнес, дигање тежина, вежби за издржливост и вежби за флексибилност. Интересно е да се види како фитнес стручњаците ги комбинираат овие елементи во забавни програми. Неодамна во светот се појави пилатес + боксување = пилоксување и моментално е популарна па можеби наскоро ќе ја видиме и во некој од фитнес локациите во Скопје и Македонија. Сигурно ќе гледаме и најразлични форми и комбинации на јога и велосипедизам на пример 🙂 или замисли “латино кросфит” :). Како и да се развива понатаму, овој пристап на комбинирање е интересен и сигурно ќе продолжи да еволуира секоја година.

Практичен пристап

Класичните функционални вежби со дигање тежина им помогнаа на многу луѓе да добијат одлична форма изминатава година. Интервалските вежби со висок интензитет (HIIT) се покажани како многу успешни кај луѓе што водат многу брз живот и на кои најмногу им требаат вежби што се прават со малку опрема или воопшто без опрема. Идејата за едноставни, класични фитнес тренинзи ќе продолжи, бидејќи овие вежби може да се прават речиси секаде и траат кратко.

Трки

Трките, како оние на 5 км., трките со пречки и триатлоните ќе продолжат да привлекуваат нови фитнес ентузијасти. Овие настани сега може да си ги дозволат повеќе луѓе, а за голем дел од настаните бесплатно се формираат и групи за подготовка што ви помагаат да тренирате за следниот настан. Една таква во Скопје е NRC школата за трчање на Кокан Ајановски. Одличен начин да останете посветени и мотивирани да си го подобрите фитнес нивото е да се пријавите за некоја трка.

Прочитај ја целата статија на следниот линк.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.