3 совети што ќе ти помогнат да останеш активен

Има една поговорка што вели дека е тешко да бидеш мотивиран, но уште потешко да останеш мотивиран. Тука можеме да си филозофираме уште многу и да си кажуваме приказни и изреки за мотивацијата, но да одиме попрактично. Денес најголемата причина за немање на мотивација за вежбање е секојдневниот пасивен начин на функционирање. Повеќете од нас имаат седечка работа, користиме “мрзливи” превозни средства, храната најчесто нема никаков ред и вредност. Самите овие причини по себе носат слабо производство на енергија што во превод значи дека многу често се случуваат падови на енергија и концентрација, немање волја за работа, мрзеливост и слично. Сосема доволни причини за да си кажеме на себе “не денес”. Кршење на овој шаблон е клучен за да се прекине серијата на пасивни денови, недели и месеци. Еве три совети што можат да ви помогнат да се помрднете и да не се вратите на пасивност.

Оствари барем минимум минути на вежбање секојдневно
Често знам да слушнам некој ќе ми каже “не брат, јас или го правам или не го правам”, и никогаш не го прави :). Правењето не се состои во количината на серии и во времето потрошено во фитнес. Не постои универзално правило кое што кажува ако направиш толку серии или ако се задржиш толку време на вежбање ќе ти се рачуна. Се’ се рачуна! Некогаш можеби тоа ќе бидат 10 минути. И да, 10 минути не се многу, но многу се ако ги правиш секој ден. На месечно ниво се преку 3 часа вежбање. Немој да ги потценуваш малите бројки. Ова ќе направи да подобруваш циркулација секојдневно, да подигнуваш расположение, да подигнуваш работа на метаболизам. Тоа се работи за кои подоцна нема да сакаш да се откажеш и да ги изгубиш, а веројатноста дека ќе се зголемат минутите и повторувањата се многу големи.

Измешај ја твојата рутина
Понекогаш ќе се закатанчиме со некоја дисциплина и локација, па после неколку месеци или година ќе ни стане досадно. Тоа значи дека не си ја нашол својата љубов во вежбање, а таквото чувство ќе те излаже и ќе си претпоставиш дека можеби не сакаш вежбање. Нема шанси! Како што секој од нас има омилена музика, филм, храна, музука, има и омилена физичка активност. Пробувај и најди ја! Или па ако не сакаш да ја бараш, користи ја секоја прилика да заборавиш на превоз и пешачи или земи точак. Ако пак наоѓаш изговор, тогаш читај го ова се додека не се случи поинаку 🙂

Не ги заборавај мускулите
Ако не те мотивира логика, тогаш можеби ќе те мотивира страв. Имено, со стареење, со седечкиот и мрзеливиот начин на живеење почнува да се губи мускулната маса. Можеби во моментов тоа не ти е важно затоа што си млад, но веќе после 40-тата и тоа како ќе ти стигне сметката. Ако не ја покачуваш барем одржувај ја во моменталната кондиција и одвои си некое минилано време да работиш со тежини па макар и сопствени како склекови, чучњеви, вратило и слично. Малите работи на долг рок ќе направат голема разлика!

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.

Јосиф