5 најчести грешки по вежбање

Загриженоста да не се задоцни на работа, а истовремено и анксиозноста да се штиклира вежбањето како завршено, создава голем простор за грешки. Еве кои се 5-те најчести грешки што свесно или не ги правиме по вежбање и неколку совети како да се справиш со нив.

1. Избегнуваш да го изладиш телото

Доброто ладење на телото по тренинг навистина помага во неговата регенерација. Периодот веднаш по тренинг е идеално време за да си ја подобриш еластичноста на телото. Затоа ладењето е важен дел од тренингот кој што не смее да се занемарува.

2. Завршуваш да вежбаш наеднаш

Кога вежбаш, крвниот притисок се зголемува со цел да ги постигне барањата што му ги задаваш на телото. Во меѓувреме, срцето има задача да однесе крв до секоја клетка. Доколку наеднаш престанеш да се движиш по интензивен тренинг, се намалува и потребата за зголемен проток на крв. Најдобро е постепено да го намалуваш интензитетот на вежбање, да преминеш во пешачење а потоа да престанеш. На пример, доколку трчаш, постепено намалувај ја брзината и интензитетот во период од 10-тина минути се додека не почувствуваш дека се намалува интензитетот со кој потта се лачи од твоето тело.

3. Не внимаваш на кожата

Многу луѓе го завршуваат тренингот и излегуваат од салата за вежбање без да си ги измијат рацете и лицето. Можеби одат дома и веднаш се тушираат, но и во тој краток период има можност за ширење на бактерии и се зголемува појавата на акни. Доколку не сакаш да се тушираш во сала, тогаш убаво измиј си го лицето и рацете пред да ја напуштиш салата за вежбање.

5. Несоодветна хидрираност

Кога вежбаш, особено во потоплите периоди од годината, телото се поти за да може ефикасно да ја намали телесната температура. Доколку не внесуваш доволно количество течности по тренинг, тоа може да биде опасно за организмот, резултирајќи во дехидрација и исцрпеност.

5. Нередовни оброци

Некои луѓе чувствуваат глад после тренинг. Голем дел од нив се одлучуваат за протеински шејк после вежбање. Други, пак, брзаат за да стигнат на работа и забораваат да јадат. Со внесување на протеини и јаглехидрати по тренинг, ќе му помогнеш на телото да се регенерира и ќе ги надоместиш резервите на енергија. Ако постојано забораваш да внесуваш храна по тренинг, тоа само ќе го намали ефектот на тренингот и забави процесот на градење мускулна маса.


ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂