ФитКит Херој на Неделата: Андреј Блажевски

andrej-blazevski

Композитор на класична, филмска и театарска музика, техно артист и продуцент. Човек кој што ја сака уметноста, но и доброто вежбање во теретана. 🏋️

Запознајте го 26-годишниот Андреј Блажевски од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

andrej-blazevski

Андреј нема конкретен фитнес идол, туку се води по мотото – Во здраво тело, здрав дух! 💪

Тој смета дека онлајн тренинзите се одлична алтернатива за сите што сакаат да вежбаат, но поради одредени причини, не можат да го сторат тоа со физичко присуство.

Мислам дека онлајн вежбањето е добра замена за луѓето коишто немаат доволно време, се плашат да се мешаат со други луѓе или се претпазливи поради Ковид-19 пандемијата. 😷 Додека траеше карантинот, и јас започнав да вежбам од дома со сопствена тежина, но кога се смири ситуацијата, повторно се вратив во теретана.

Андреј Блажевски

Првата активност што Андреј ја закажа преку ФитКит апликацијата е вежбање во Star gym, теретаната во која се уште вежба неколку пати неделно. 🏋️

ФитКит апликацијата ти нуди можност да вежбаш во различни фитнес центри и да пробаш голем број на дисциплини во термин што најдобро се вклопува во твојот распоред.

Од сите дисциплини што ги пробал, најмногу се има пронајдено во теретана и пливање.

Како Quality Assurance Engineer во компанијата BtoBet, физичката активност му помага да се рестартира и да се наполни со енергија по долгите часови поминати пред компјутерското биро. 🖥️

За да дознаеш повеќе за Андреј:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Andrej Blazevski

📸 Пиши му на Инстаграм: @andrej.blaz

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Andrej Blazhevski

FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и како платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови.

Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.