Fame Fitпрограма со Рита Конзулова на FitKit Plus

FitKit Plus Фејм Фит програма на Рита Конзулова

Пред скоро една деценија си отвори свое пилатес студио, место каде што многу вежбачи стануваат се позадоволни од себе, а таа помотивирана за работа токму во овој правец.

Веќе 9 години е успешен амбасадор на здравиот и активен начин на живот. 💪

Запознај ја Рита Конзулова, наш FitKit Plus тренер што ја води програмата Фејм Фит. 👋

Фејм Фит програмата е наменета за секој кој сака да искуси нешто ново и нема старосна граница бидејќи резултатите се видливи кај секого.

Секој нареден тренинг е различен, има голем спектар на вежби кои не се повторуваат и телото секогаш учи нови движења.

FitKit Plus Фејм Фит програма на Рита Конзулова

Во секој тренинг се активираат сите мускулни групи со акцент на одреден дел од телото. Во изведувањето на вежбите се бара прецизност, фокус, дишење, баланс, со тоа што се зајакнува средишниот дел на телото, јадрото и се доведува до правилно држење на телото и зајакнување на грбните мускули и ‘рбетниот столб. Сите овие придобивки се пропратени со вежби кои никогаш нема да ви бидат досадни и секогаш ќе ве предизвикуваат во нивното изведување со секој нареден тренинг. 😍

Еве како изгледа еден Фејм Фит тренинг:

✔️ Секој тренинг започнува со загревање и истегнување, припрема на мускулите за вежбите кои следуваат;

✔️ Се комбинираат статични со поинтензивни вежби за трошење на повеќе калории, се активираат сите мускулни групи со фокус на одреден дел од телото;

✔️ Tренингoт завршува со истегнување.

Придобивките од Фејм Фит тренинг ќе ги почувствуваш уште по првите тренинзи. Чувството на исполнетост, видливите физички придобивки и зајакнувањето на целокупната мускулатура се само дел од нив.

FitKit Plus Фејм Фит програма на Рита Конзулова

За да дознаеш повеќе за Рита: 👩

✅ Следи ја на Инста — ritaff1

✅ Пиши ѝ на Фејсбук — Rita Konzulova

👉За да почнеш да вежбаш со Рита, креирај го твојот профил на FitKit Plus.

Овој начин на онлајн вежбање е нешто што фалеше во последниов период. Секој треба да има можност и опција да купи цела однапред подготвена програма од тренер кој ќе го избере сам и да вежба кога сака и каде сака и да работи на себе и тогаш кога не може да стигне во сала. Секогаш има можност секој вежбач да одбере и различен стил на вежби со што и физичката активност во целост би била секогаш позабавна.

FitKit Plus Фејм Фит програма на Рита Конзулова

За крај, еве зошто треба да ѝ дадеш шанса на Фејм Фит програмата: 👇

Фејм Фит програмата секогаш ќе ви го подобри расположението, а резултатите се неизбежни доколку се следи во целост секое мое упатство. Позитивната енергија која јас ја чувствувам додека ги презентирам вежбите ќе стигне и до вас. Пренесувам нешто во кое верувам и искрено го сакам, поткрепено со искуство и знаење. 🏆


FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.