ФитКит Херој на Неделата: Елена Марковски

elena-markovski

Го сака спортот уште од мали нозе. Пробала најразлични спортски активности, но никогаш на долг рок. Се труди да стекне навика за редовно вежбање за да ги потроши калориите од нејзините guilty pleasures – паста и пица. 😋

Запознајте ја Елена Марковски од Скопје, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Елена верува дека секоја физичка активност ти дава дополнителна енергија која ти помага за полесно и поуспешно извршување на работните и домашните обврски во текот на денот. Само треба да експериментираш со дисциплини за да го пронајдеш она што најмногу ти одговара.

Преферирам да вежбам рано наутро, а денот не може да ми започне без кафе, па затоа најчесто мојата фитнес рутина се состои од кафе-тренинг-протеинско смути. ☕

elena-markovski

Кога вежба по дома, знае да не биде доволно дисциплинирана, па затоа, избира да вежба во сала, со голем број на реквизити на располагање и со личен тренер.

Повеќе сакам да вежбам во сала, бидејќи кога сум таму користам буквално сè, тегови, ролери, јажиња за скокање, степери, kettlebells, resistance bands. Но, ако треба да издвојам омилени реквизити, тогаш дефинитивно тегови и ластици за отпор. Најдобрите тренинзи ми завршуваат испотено, но и со многу енергија. 💪

elena-markovski

Фитнес инструкторките Елена Бубало и Драгана Младеновскa се нејзина инспирација. 

Имам повеќе луѓе што ме инспирираат, но, сепак би ги издвоила Елена Бубало и Драгана Младеновскa. Максимално се посветени во тоа што го работат и несебични се кога станува збор за споделување на искуства, совети, рецепти за здрава исхрана и активен начин на живот. ✨

Музиката што знае да ја раздвижи надвор од сала, знае да ја мотивира и во сала. 

🎶 Во последниов период, ова е песната што ја мотивира на акција: 

Најсмешната ситуација што ѝ се има случено при вежбање е следнава:

Ми летна реквизит од оние што се за давање на отпор, но за среќа, немаше повредни. 😅

elena-markovski

Елена сака да поминува квалитетно време со семејството, затоа, заедничките прошетки во природа се неизоставен дел од нејзиното секојдневие.

Јас сум човек кој го сака спортот уште од мали нозе и низ годините сум се пробала во различни спортски активности, но никогаш на долг рок. Она што сакам да го постигнам во моментов е да стекнам една навика за вежбање која ќе ми биде буквално дел од моето секојдневие. 🙌

Елена работи како Quality Assurance Engineer во компанијата IT Labs

Таа вели дека можноста за воведување на спортска активност во текот на денот, дава дополнителна енергија за полесно и поефикасно извршување на работните обврски.

ФитКит е апликација со која многу лесно и брзо можеш да си го организираш слободното време, без разлика дали ќе биде за некоја спортска активност или рекреација. Првата активност што ја имам закажано преку ФитКит мислам дека беше масажа. Сè уште бев на породилно отсуство и не бев спремна за вежбање, но затоа апликацијата има за секого по нешто. Би додала и опција за спортски активности за деца. Мислам дека многу родители би се израдувале на ова. 😊

elena-markovski

За да дознаеш повеќе за Елена:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Elle Enna

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @ellenna_mark

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Elena (Ackovska) Markovski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore