FitKit Plus Ready, Set, Pilates програма на Јелена Чокрева и Марија Чокрева

FitKit Plus Ready, Set, Pilates програма на Јелена Чокрева и Марија Чокрева

Јелена ја наследила љубовта кон спортот од баба ѝ, а Марија пораснала во спортско семејство каде физичката активност е дел од секојдневието. Заедно се фанстастична комбинација која своите вештини и знаење ги вложија во основање на пилатес студиото Pilates Point.

Веќе неколку години ги учат вежбачите да го засакаат активниот пилатес, да уживаат во физичката активност и здравиот живот, но и да се сакаат себеси и да уживаат во своето тело. 💪

📢 Од неодамна, Јелена и Марија се наши FitKit Plus тренери со Ready, Set, Pilates програмата. Станува збор за вешто искомбиниран сплет којшто ги извлекува максималните придобивки од пилатесот и кардиото.

FitKit Plus Ready, Set, Pilates програма на Јелена Чокрева и Марија Чокрева

За кој е наменета Ready, Set, Pilates програмата?

✔️ Љубители на вежбањето кои сакаат да пробаат нешто ново и разновидно каде што ќе им биде предизвикана силата, издржливоста, рамнотежата и координацијата;

✔️ Почетници кои сакаат да се активираат, да научат да вежбаат правилно и да се запознаат со активниот пилатес, но да не се префорсираат со интензивни тренинзи од самиот почеток.

Она што ја прави оваа програма уникатна е тоа што вежбачите имаат можност во исто време да вежбаат со две инструкторки, од кои едната ги изведува вежбите на полесно ниво, а другата го презентира потешкото ниво кое е наменето за поискусните вежбачи.

Со можноста за следење на две инструкторки, во секој момент ќе може да го прилагодите темпото и тежината на било која вежба, согласно вашата физичка подготвеност. Бидете сигурни дека потребниот ефект ќе биде постигнат без разлика која верзија од тренинзите ќе ја одберете да ја вежбате, сѐ додека ја задржите правилната форма и дишење за кои ќе добиете детални инструкции во текот на целата програма.Тука сме да го одговориме секое прашање, да ја решиме секоја дилема, за да може полека, но сигурно активниот пилатес да стане дел од нивното секојдневие, заедно со избалансираната исхрана. 😁

FitKit Plus Ready, Set, Pilates програма на Јелена Чокрева и Марија Чокрева

Кои бенефити ќе ги искусиш со вежбање на оваа програма?

✅ Подобрена кондиција, сила, издржливост, координација и рамнотежа;

✅ Намалена (спречена) болка во грбот и вратот и подобро расположение;

✅ Дефинирани, издолжени, силни и издржливи мускули;

✅ Доведување на пулсот до она ниво кое му е потребно на телото да почне да согорува масти.

Еве како изгледа еден Ready, Set, Pilates час: 👇

  • Секој тренинг започнува со загревање и будење на телото;
  • Продолжува со 7 сета, секој од нив со по две различни вежби кои траат по 40 секунди, а се повторуваат во 2 серии. На некои тренинзите се изведуваат вежби со сопствена тежина, додека некои се со едно или две тегчиња или стап/сукало;
  • Тренинзите завршуваат со истегнување на мускулите, особено тие што биле работени за време на часот за да се намали болката во мускулите од можното воспаление и за да се одржи нивната ефикасност на следниот тренинг.
FitKit Plus Ready, Set, Pilates програма на Јелена Чокрева и Марија Чокрева

Зошто треба да ја избереш Ready, Set, Pilates програмата на Јелена и Марија? 😎

Изберете ја нашата програма доколку сакате вашите тренинзи да бидат забавни, динамични и разновидни, а сепак да гарантираат резултати. Сѐ што треба да направиш е да ја симнеш апликацијата FitKit, да креираш профил, да ја побараш опцијата FitKit Plus и да ја купиш програмата „Ready, Set, Pilates“, која ќе ти биде достапна засекогаш.

За да дознаеш повеќе за Јелена и Марија: 👩👧

👍 Следи ги на Инста — @pilatespointmk

📝Пиши им на Фејсбук — Pilates Point


fitkit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.