Тимот на ФитКит апликацијата беше дел од 6-тата регионална конференција за е-трговија насловена како: Redefining E-Commerce: A(I) New Era, во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија. 🤖
Оваа година конференцијата се одржа во своето најголемо регионално издание и со целосно нов концепт, фокусирајќи се кон новата ера во човековото живеење – вештачката интелигенција и максимално искористување на нејзиниот потенцијал.
Конференцијата беше поделена на 5 дела во кои што 29 говорници зборуваа на теми како да го избереш вистинскиот продукт, да бидеш успешен во онлајн продажбата регионално и глобално, да го подобриш процесот на плаќање и да ја искористиш моќта на вештачката интелигенција во секој од овие сегменти.
Слушнавме и неколку корисни студии на случај од реномирани компании како Amazon, Shopify, Monks Agency, Meta и други.
Можевме да научиме од прва рака за важноста на податоците, маркетингот и вештачката интелигенција како потпора за успешен бизнис со е-трговија, како да го подобриме корисничкото искуство за нашите онлајн купувачи и да дадеме вредност назад во заедницата преку беспрекорно корисничко искуство.
Овој настан со 600+ учесници од 15+ земји беше одлична можност не само да се запознаеме со новите трендови во е-трговијата предводени од вештачката интелигенција, туку и да се вмрежиме со сегашни и идни корисници на ФитКит апликацијата. 🚀
Како сребрени спонзори, имавме можност да ја претставиме нашата работа и да ги поттикнеме присутните да ни се приклучат во мисијата за активен и здрав начин на живот.
На нашиот ФитКит штанд, имавме тркало на среќата со што им овозможивме на посетителите со вртење на тркалото да добијат вредни награди како MyFitKit remote програма со личен тренер, FitKit Plus програма, кредити за користење на апликацијата, М месечна претплата, пешкир за вежбање, протеински бар Бубало, итн. 🎁
Навистина ни е драго што тимот на ФитКит беше дел од досега најголемото и најуспешното регионално издание на конференција за е-трговија која што на едно место ги обедини водечките компании, иноватори и експерти во е-трговијата, овозможувајќи ни да изградиме значајни партнерства и да ги прошириме нашите бизнис хоризонти.
Сето стекнато знаење, идеи и практични вештини што ги стекнавме, ќе ни помогнат да се справиме со современите предизвици што ги носи дигиталната ера и драстично да го подобриме искуството за нашите идни и сегашни корисници. ⚡
ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог.
ФитКит е и платформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.