ФитКит Херој на Неделата: Горан Цветкоски

Горан-Цветкоски

Никогаш не пие кафе, но затоа вежба напорно за да си го разбуди телото и да го наполни со енергија за целиот ден. ⚡

Запознајте го Горан Цветкоски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Неговата фитнес цел е да го одржува своето телото витално и здраво, но и да негува ментална хигиена како основна превенција за заштита на менталното здравје

Мојата омилена активност е секоја активност што вклучува кардио како трчање, возење велосипед, орбитрек, итн. Најомилени ми се кардио тренинзите, особено комбинациите на вежби што ги правам во последно време, затоа што навистина ме опуштаат и ме релаксираат. 🧘

Горан-Цветкоски

Од опрема за вежбање, Горан ги користи сите справи што му се на располагање во теретана. А кога вежба на отворено, потребни му се само удобни патики.

Во моментов 4 пати во работната недела одам да вежбам во теретана, веднаш по завршувањето на работното време. За време на викенд одам на прошетки, секако доколку времето ми го дозволува тоа.

Она што дополнително го мотивира да го издржи тренингот до крај е и следнава мелодија: 🎶

Горан црпи инспирација и од неговите пријатели што редовно вежбаат.

Затоа и тој вели дека мора да оди во фитнес студио да се вежба, бидејќи дома ја нема истата мотивација за тренинг.

Преферирам да одам во финтес студио, бидејќи дома не можам да се натерам да вежбам. Вака кога одам таму, сите вежбаат, па морам и јас да вежбам. 😄 Сум вежбал со тренер, но и сам. Секој од овие 2 начини си има свои предности и маани. Во моментов вежбам сам бидејќи сметам дека сум доволно искусен.

Горан-Цветкоски

Горан работи како Senior Software Engineer во компанијата Netcetera.

Тој вели дека користењето на ФитКит апликацијата му преминало во рутина како начин на релаксација по работниот ден и 8-часовното седење на столче.

Веќе ми е рутина после работа да ја отворам ФитКит апликацијата и да си закажам термин во теретана. Вежбањето ме релаксира и ми дава енергија да го истерам денот и да се подготвам за наредниот. 🏋️

Горан-Цветкоски

А на своите колеги што сè уште не ги искористиле придобивките што ги нуди оваа апликација им го препорачува следново:

Дечки, предност е што го имаме ФитКит како бенефит за вработените. Отворете ја апликацијата, најдете активност што ви се допаѓа и вежбајте – за брзо ќе ги искусите придобивките!  

За да дознаеш повеќе за Горан:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Goran Cvetkoski

📸 Пиши му на Инстаграм: @goran.cvetkoski

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Goran Cvetkoski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore