ФитКит Херој на Неделата: Александар Џабирски

Александар-Џабирски

Се стреми да го достигне својот максимален перформанс до своите 40ти години и да го најде темпото на живот што ќе му овозможи здрав и активен лајфстајл. 🙌

Запознајте го Александар Џабирски, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Моментално вежбам во теретана, затоа што таму добивам најбрзи резултати. Но, сакам и да планинарам, се надевам ќе го правам ова повеќе во следната година. Од опрема, користам било што ми е на располагање каде и да се наоѓам. Кога ги немам неопходните справи околу мене, најчесто правам вежби со сопствена тежина.

За себе вели дека нема фитнес инспирација, туку едноставно се труди да биде во подобра форма со секој изминат ден. 💪

Немам некој конкретен фитнес идол или некој што го следам. Повеќе сум заинтересиран за здравствените придобивки од вежбањето и здравото стареење и следам луѓе од друг домен како на пример: https://peterattiamd.com/ и www.foundmyfitness.com/about-dr-rhonda-patrick.  Се трудам да вметнам во мојата рутина сè што е ново, корисно и можам да го воведам во моето време и рутина.

Александар Џабирски

А еве како изгледа фитнес рутината со која што Александар секој ден е чекор поблиску од остварување на своите фитнес цели

Сега за сега одам 3 пати неделно во теретана. Еден ден вежбам нозе и рамо, вториот ден гради и трицепс, а третиот ден грб и рамо. Дополнително, секој ден имам неколку вежби што ги правам наутро и гледам да го зголемам нивниот интензитет штом почувствувам дека ми стануваат полесни. Најчесто одам еднаш или два пати неделно на сауна. 💆

Неговите омилени тренинзи се комбинација од здрава храна и добар сон (како подготовка) и вежби за мускулна маса и сила. 

Во последно време навистина ми се слични сите тренинзи. Како најдобри можам да ги издвојам оние кога се чуствувам посилно од претходниот пат кога сум ја вежбал истата мускулна група. Тоа најчесто се случува кога целата исхрана во текот на неделата ми била како што треба, сум спиел 8 часа секој ден (што е реткост во денешното време).

Дополнително, следнава плејлиста му е уште еден поттик да го даде својот максимум: 🎶

Ако треба да избира помеѓу вежбање дома или во теретана, со тренер или без, еве кој би бил неговиот избор:

Бидејќи сум интроверт, би рекол – вежбање од дома доколку имам добри услови. Но, секогаш е убаво некогаш да направиш промена и не ми пречи што одам во теретана. Бидејќи секогаш може од некој да научиш нешто, особено ако си почетник, би било убаво да имаш добар фитнес тренер што ќе те насочи. Во моментов, вежбам сам бидејќи на тој начин полесно располагам со моето време за вежбање, наместо да сум со договорено фиксно време.

Првиот тренинг преку ФитКит апликацијата го закажал во теретаната во Спортскиот Центар „Борис Трајковски”, а моментално вежба во фитнес студиото на Play FIt Move Wellness. 🏋️

Александар Џабирски

Александар работи во компанијата Xessable како Тим Лидер. 

Тој вели дека самата рутина на вежбање преку ФитКит има бројни придобивки за физичкото и менталното здравје на секој вработен.

Самото вежбање носи огромен бенефит за секој којшто вежба. Секоја компанија би сакала своите вработени да имаат здрави рутини што би им помогнале да се справат со сите предизвици што, за жал, некогаш може да влијаат и на самата работа. Секоја алатка, вклучувајќи ја и ФитКит апликацијата, што помага во зацврстување на таа рутина е секако повеќе од добредојдена. 🤸‍♀️

А на своите колеги што сè уште не ги искусиле максимално придобивките од вежбањето на своја кожа, им го препорачува следново:

Би ги советувал да пробаат било каква активност во рок од 1 месец. Да ја практикуваат 3 пати неделно и да почувствуваат како ќе им влијае. Јас стојам зад тоа дека пред да одлучиш дека вежбањето не е за тебе, да му дадете шанса, а потоа да донесат одлука дали ќе вежбаат или не. 💡

Александар Џабирски

За да дознаеш повеќе за Александар:😎

👍 Додај го за пријател на Фејсбук: Александар Џабирски

📸 Пиши му на Инстаграм: @aleksandar.djabirski

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Aleksandar Djabirski

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore