ФитКит Херој на Неделата: Јана Додевска

Јана Додевска

Во 2024та година, го кршиме мразот со една навистина уникатна личност, чиишто 2 најомилени работи ѝ се јадењето и вежбањето. Колку што сака да вежба, толку сака и да јаде. 🤣

Запознајте ja Јана Додевска, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Најважни ми се 3 придобивки што ги носи вежбањето: Силата што сè повеќе и повеќе доаѓа со секој извежбан тренинг, здравјето и добивањето на изгледот што го посакуваме, а со тоа се зголемува и самодовербата.

Јана Додевска

Јана експериментирала со голем број на активности. Таа е фасцинирана од пилатесот, но моментално е фокусирана на тежински тренинзи како чекор поблиску за да си ја остави својата фитнес цел

Вежбам 4-5 пати неделно од дома со тежини. Од опрема најчесто користам еднорачни тегови, шипка со тегови и ластици. Во моментов многу повеќе ми одговара да вежбам од дома, бидејќи имам 2 дечиња и флексибилност да вежбам штом ми се ослободи време. А кога условите ми го дозволуваат тоа, особено драга активност ми е рекреативно качување на планината Водно или било која друга планина.

Личностите што ја инспирираат да биде конзистентна со вежбањето се Nevena Komazec и Pamela Reif. ✨

Едноставно ми се допаѓа стилот на вежбите што ги прават и формата што ја имаат постигнато, особено Невена која што веќе има над 40 години, а има сила поголема од многу помлади луѓе.

Јана Додевска

Најдобрите тренинзи ѝ се комбинација од вежби за задник и стомак.

Моментално најинтересни за вежбање ми се hip thrusts, side lunges, bulgarian split squats, уште некоја вежба за задник и една добра компилација од 10 минути вежби за стомак брз прекин.

А најсмешната ситуација што ѝ се има случено при вежбање е следнава:

Кога прв пат застанав со нозете на пилатес топка, воопшто не можев да држам баланс. Едвај застанав. Во моментот кога помислив дека конечно можам да стојам без помош, изгубив контрола и ги бутнав сите во сала што успешно правеа пленк на топката. 🤦‍♀️

Јана Додевска

Јана работи како Локализациски Консултант во компанијата RLDatix & Allocate Software.

Таа вели дека самото вежбање со ФитКит како компаниски бенефит, има директно влијание врз мотивацијата за работа.

Ги охрабрувам моите колеги ја ги искористат поволностите што ги нуди ФитКит и да се обидат да започнат со некоја физичка активност. Сè што сакате можете да постигнете – само треба да имате желба за тоа! 🚀

За да дознаеш повеќе за Јана:😎

👍 Додај ја за пријател на Фејсбук: Jana Dodevska

📸 Пиши ѝ на Инстаграм: @jana.dodevska

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Jana Dodevska

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore