Како си поминавме на PODIM, една од највлијателните конференции за стартапи на Балканот?

Podim

Од 13 до 15 мај, тимот на ФитКит беше дел од PODIM, една од најпопуларните конференции за стартапи и технолошки иновации на Балканот што се одржа во Марибор, Словенија. 🚀

Во фокусот на конференцијата беше собир на стартапи, инвеститори и претприемачи од различни индустрии на едно место, со цел создадавање на нови можности за стартапите и нови инвестициски опции за фондовите.

Podim

Настанот беше одлична можност да запознаеме претприемачи од регионот, да се вмрежиме со инвеститори и фондови, да споделиме знаења, искуства и нови идеи. Јас лично сум задоволен од времето поминато таму. Можам да заклучам дека беа доста продуктивни денови, запознав многу инспиративни луѓе и имав шанса да го презентирам ФитКит пред потенцијални инвеститори и партнери. Организацијата беше на високо професионално ниво, а атмосферата беше многу енергична и инспиративна, вели Јосиф од тимот на ФитКит.

Најголемата придобивка за нас како тим е тоа што успеавме да добиеме уникатни мислења од познати имиња во бизнис светот, што нѐ поттикнаа да размислиме како да подобриме одредени аспекти од ФитКит и истите да ги презентираме пред светот. 💡

Podim

Бидејќи се работи за стартап конференција, најзначајни за нас беа контактите со инвеститори, средбите со претприемачи коишто во иднина може да бидат потенцијални партнери во регионот, како и стекнувањето вештини за презентирање на бизнисот пред претставници од различни фондови. 

PODIM конференцијата само дополнително ги зацврсти нашите обиди за експанзија. Имавме можност да презентираме пред инвеститори и да добиеме вредни повратни информации и потенцијални инвестиции.

Дополнително, креиравме плодна почва за потенцијални партнерства, зголемувајќи ги шансите за настап и проширување на ФитКит на нови пазари, покрај Грција и Македонија. 💪

Podim

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore