ФитКит Херој на Неделата: Синиша Јовиќ

Кога не е на велосипед, ќе го најдеш во теретана. Секогаш вежба слушајќи класичен рок или блуз. 🚴

Запознајте го Синиша Јовиќ, нашиот ФитКит херој на неделата. 👋

Како дете имам пробано повеќе спортови. Но, веројатно мојата физичка градба (бев буцкасто дете) беше пречка да уживам во било кој спорт или пак да можам да постигнам каков-таков успех. Единствено имав талент за маратонско пливање, но престанав со тоа на 14-годишна возраст. Со велосипедизам започнав на 15-годишна возраст, а со фитнес (најпрво вежби со сопствена тежина) на 16-годишна возраст. Пресвртна точка ми беше пред сѐ – подобрување на здравјето и фактот дека почнав да разбирам што си правам на телото со физичка неактивност и со мојата исхрана (главно слатки работи и газирани сокови). Секако постоеше и мотив гледајќи го филмот Top Gun.😅

Возењето велосипед е неговата омилена физичка активност што му помага да најде време за себе, да размислува, да се поврзе со природата и за момент да се исклучи од сите обврски од неговото секојдневие.

Here Comes the Sun од The Beatles е мелодијата што му дава мотивација да ги издржи и најтешките тренинзи.

А еве како изгледа неговата неделна фитнес рутина: ⬇️

Неделно имам 6 тежински тренинзи: 2 pull, 2 push, 1 за нозе и 1 за грб. Во текот на неделата, во зависност од обврските имам 3 до 4 кардио тренинзи. Во моментов ги правам на домашен тренажер. Вежбам наутро кога целиот град се буди. За целосен тренинг, доволна ми е само олимписка шипка. Најголем дел од вежбите ми се комплексни движења, па ретко користам справи.

Благодарение на вежбањето, Синиша значително ја подобрил својата крвна слика, полн е со енергија, секогаш спремен за акција, но и многу пофокусиран на работните задачи.

Најчесто добивам коментар дека во лабораторија се сомневаат дали пуштиле празна проба или примерок крв. Во моментот, крвната слика ми е како од пример што се наоѓа во медицински книги. 😂 Најмногу сум задоволен од тоа што секогаш сум полн со енергија, агилен и секогаш спремен за акција. Исто така, вежбањето ми помага да имам фокус на работа. Ако треба да издвојам фитнес успех, тогаш тоа е спуштање на body fat на 4% на целосно природен начин на подолг период.

За неговиот режим на исхрана го употребува своето професионално знаење како Биомедицински Инженер. 👨🏻‍🔬

Се хранам со природни продукти (односно непроцесирани продукти), храна што била достапна на човештвото со векови. Главно имам добри извори на протеини (риба, црвено месо, пилешко, млечни производи (урда, грчки јогурт, млеко), белки), комплексни јаглехидрати (компир (благ и обичен), урми, овошје (знам треба да имам ориз, но едноставно не го сакам по вкус)), масти (јаткасти плодoви, авокадо, жолчки, домашен путер од кикирики и бадеми). Од суплементи имам само Whey протеин. Пијам доволно количество на вода. Во текот на неделата, 90% од времето храната ја приготвувам дома, што ми помага за достигнување на моите фитнес цели. 

Првата активност што Синиша ја закажал преку ФитКит е фитнес тренинг. 

Користењето на FitKit ми овозможи слобода, односно да можам да патувам и на други места во Северна Македонија и да имам можност да одам на тренинг каде и да се наоѓам. Можам да пробам и групни активности како на пример – картинг. Добив голема флексибилност некогаш да тренирам и во близина на мојата канцеларија, наместо во мојата стандардна теретана – Палестра.

До крајот на годината, Синиша има во план повторно да го врати пливањето во својата фитнес рутина. 🏊

Во неговиот речник не постои фразата “ме мрзи”. Секогаш е расположен за некоја физичка активност. А кога не е – нешто сериозно мора да му се случува.

Не се споредувај со другите околу тебе. Секогаш споредувај се со верзијата што си бил/а претходниот ден. Процесот на усовршување во секое поле е долг, па затоа не брзај, ќе стигнеш на целта!

За да дознаеш повеќе за Синиша Јовиќ:😎

📸 Пиши му на Инстаграм: @sinishajovikj

🎯 Конектирај се на LinkedIn: Sinisha Jovikj

 

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и со опција за закажување сесии со лиценциран психолог. 

ФитКит е и плFitKit logoатформа со видео програми за вежбање со твоите омилени ликови. Програмите можеш да ги отклучиш со твојата ФитКит претплата, со 15 кредити, 990 денари, или преку видеотеката на MaxTV. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.